Психологијата објаснува: Зошто политичарите не се извинуваат за своите постапки?
Објавено на од во Политика

sorryВо текстот „Никогаш не се извинувај, никогаш не објаснувај“ на сајтот Psychology Today, авторката ги наведува последните примери на претседателските кандидати кои не се извиниле пред јавноста за своите непромислени изјави и постапки.

Во овој текст, таа се прашува зошто луѓето на раководните позиции не ги признаваат своите грешки и не се извинуваат за нив? И уште поважно, зошто прифаќаме вакво нивно однесување?

Од една страна, се вели во овој текст, личноста е полна со самодоверба што нам ни е атрактивна, а тој кој има премногу самодоверба може сите нас лесно да не заведе. Последната студија покажува дека помеѓу две личности со еднакви способности, таа која има повеќе самодоверба е повлијателна. Во студијата, луѓето кои себе се преценуваат, другите ги перципираат како „луѓе кои заслужуваат почитување и признавање, имаат влијание на одлуките, го водат процесот на донесување одлуки и влијаат на одлуките“. Неосновано претерана самодоверба носи висок друштвен статус и поени за раководење.

Ако треба да ги убедите другите дека сте подобри отколку навистина сте, прво треба да се убедите самите себе. Игнорирањето, правдањето и негирањето на грешките носат самозалажување.

Како и со лажењето, грубоста е уште една карактеристика која многумина ја сметаат за неприфатлива, но која најчесто ја поврзуваме со моќ. Во еден експеримент, учесниците гледале две видеа- во едниот има љубезен човек кој нарачува храна, а во другото видео – човекот нарачува храна така што грубо вика, ги става нозете на маса итн. Учесниците непристојниот човек го оцениле како оној кој „добива внимание, кој го слушаат и кој одлучува“.

Меѓутоа, во бизнис светот работите стојат поинаку. Се повеќе се ценат скромните лидери. Директорите и другите лидери во областа како што се – војска, производство, финансиски услуги, религија, малопродажба – се сложуваат дека понизноста е квалитет кој најдобро функционира во нивната организација. Скромен и понизен лидер има интегритет, храброст да признае грешки и да создаде модел за напредок и следбеници.

Авторката на овој текст, инаку психолог по професија, вели дека нашите инстинкти не привлекуваат кон нарцисти лидери. Зрелоста нас не води кон скромни водачи кои се компетентни и мудри. Мораме, заклучува таа, да избереме лидери со грижа и проникливост. Да не заборави, тврди таа, ние ги добиваме лидерите кои ги заслужуваме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×