Путин и Ердоган ќе означат почеток на изградбата на првата турска нуклеарна електрана
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, ќе ја отворат изградбата на првата турска нуклеарна електрана во време на продлабочување на односите на двете земји.

Ова на Путин ќе му биде прва официјална посета на странска држава откако одново е избран за претседател. Тој денеска стигнува во Анкара на разговори со Ердоган. Двајцата ќе го означат почетокот на изградбата на електраната што на брегот на Средоземното Море ја градат руски компании.

Членката на НАТО, Турција, и Русија, ги напуштија традиционалните ривалства и разликите во однос на регионалните прашања, за да се зближат. Путин и Ердоган неколкупати се сретнаа лани, и редовно разговараат на телефон.

Утре ќе им се придружи иранскиот претседател, Хасан Рохани, а трите лидери ќе разговараат за Сирија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×