Путин и Ердоган оценија дека убиството на рускиот амбасадор во Турција е со цел нарушување на односите меѓу земјите кои соработуваат во Сирија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Пет лица се уапсени во Турција во врска со убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов. Меѓу нив се мајката, сестрата и таткото на напаѓачот, како и две други лица. Убиецот, кој беше ликвидиран, е идентификуван како Мевљут Мерт Алтинташ, 22-годишен полицаец.

Рускиот претседател Владимир Путин го оцени убиството на амбасадорот како провокација со цел поткопување на односите меѓу Москва и Анкара кои соработуваат во Сирија.

„Злосторството несомнено е провокација, наменета да спречи нормализирање на руско-турските односи и на мировниот процес во Сирија, за кој активно ќе придонесат Русија, Турција и Иран“, изјави Путин, додавајќи дека „треба да дознаеме кој ја насочил раката на убиецот“.

Рускиот претседател најави дека Русија ќе испрати истражители во Турција, со дозвола од неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган.

И последниот (Ердоган), смета дека убиството на рускиот амбасадор имало за цел да наштети на нормализацијата на билатералните односи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×