Путин и Ердоган потпишале значаен договор, засенет од почетокот на изградбата на нукеларката
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со отворањето на работите на првата турска нуклеарна електрана во тек на посетата на рускиот претседател Владимир Путин, засенет е договорот за основање заеднички инвестициски фонд вреден милијарда долари.

Како што наведуваат новинските агенции, рускиот фонд за директни инвестиции и турскиот државен инвестициски фонд, договориле значајно економско поврзување на двете држави.

Двете страни во фондот ќе уплатат до 500 милиони долари.

„Фондот ќе инвестира во проекти што ја зајакнуваат трговијата, економските и инвестициските врски меѓу Русија и Турција. Двете страни особено ќе се фокусираат на инфраструктурни проекти, на здравство и на информатички технологии“, стои во официјалното соопштение за договорот на чие потпишување присуствуваа Путин и неговиот домаќин, Реџеп Таип Ердоган.

Првиот човек на рускиот фонд, Кирил Димитриев, изјави дека се надева оти наскоро ќе бидат објавени првите заеднички проекти. Инаку, за основањето на руско-турскиот фонд првпат почна да се зборува во септември 2016 година, со затоплувањето на односите меѓу двете држави по тензиите предизвикани од уривањето на рускиот борбен авион над Сирија.

Владата во Анкара во август 2016 година најави креирање државен фонд со задача да се засили економскиот раст во следната декада, но и да се охрабрат странските инвестиции по неуспешниот воен удар во јули.

Путин, на новинарско прашање – постојат ли меѓународни фактори што можат негативно да влијаат на руско-турските проекти, изјави дека не гледа препреки.

„Развојот на односите се одржува во динамиката на имплементацијата на главните проекти – Турски тек и изградбата на нуклеарката“, изјави рускиот претседател. Што се однесува на Турски тек, првата делница ќе биде довршена во мај, тврди првиот човек на Газпром, Алексеј Милер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×