Путин им честиташе Нова година на светските лидери: „Односите Русија-САД се клучен фактор на светската безбедност“
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им упати новогодишна честитка на светските лидери, вклучително и на претседателите на САД, на Германија, на Франција … Руската агенција Тас пренесе дека во честитката до Барак Обама, Путин ја нагласил важноста на руско-американските односи.

„Годинава што изминува потврди дека односите меѓу Русија и САД се клучен фактор што обезбедува меѓународна безбедност“, се наведува во соопштението на Кремљ.

„Рускиот претседател, исто така, изрази уверување дека Русија и САД можат успешно да се соочат со новите предизвици и закани, и да помогнат за решавање на кризите во различните делови на светот, преку конструктивен дијалог и соработка, имајќи ги предвид заедничките интереси“, стои во соопштението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×