Путин ќе го намалува влијанието на државата во медиумите и на интернет
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека сака да го намали влијанието на државата во медиумите и на интернет.

„Ако самото општество воспостави систем на морални и етички филтри, би било праведно да се намали, а можеби дури и исклучи влијанието на државата во овој процес“, изјави Путин на форумот со млади Руси што се одржа на Крим.

Неговата изјава доаѓа во контекст на сѐ построгите државни контроли на медиумите во последните неколку години, особено на интернет.

Руските и странските компании што имаат веб страници достапни во Русија мораат од 1 јануари оваа година да собираат податоци за своите корисници на интернет и да им ги доставуваат на руските власти ако тоа од нив биде побарано.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×