Путин ќе се кандидира за нов мандат на изборите во март
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во март како независен кандидат и оти очекува широка поддршка од партиите и од народот во Русија.

На годишната прес-конференција во Москва, Путин рече дека сѐ уште не назначил шеф на неговиот изборен штаб и не сакаше во детали да зборува за неговата предизборна програма, но увери дека таа е веќе изработена.

„Политичката клима во Русија мора да биде конкурентна, а политичкиот систем да биде избалансиран“, изјави шефот на руската држава.

„Луѓето во Русија во голема мера се во право кога изразуваат незадоволство, но опозицијата не може да понуди вистински агенда“, изјави Путин.

Тој нагласи дека Русија мора да биде модерна земја со флексибилен политички систем.

„Русија треба да биде насочена кон иднината, треба да биде многу модерна, политичкиот систем треба да биде флексибилен, економијата треба да се базира на висока технологија. Продуктивноста на трудот треба постојано да се зголемува“, истакна Путин.

Според него, власта и целото руско општество треба да се фокусираат и на проблемите поврзани со развојот на инфраструктурата, здравството, образованието и кон зголемување на приходите на граѓаните.

Рускиот претседател денеска почна да одговара на прашањата на 12-та годишна конференција за новинари во Москва, за која се акредитирани рекордни 1.640 новинари.

На големата прес-конференција, која Путин ја држи во декември за да ги сумира резултатите од годината што изминува, не постојат ограничувања што се однесува на темите, па така рускиот претседател одговара на прашања од внатрешна и надворешна политика и други сфери од политиката, но и за неговиот личен живот.

Што се однесува на времетраењето на прес-конференцијата, постои извесно ограничување, но истовремено должината е флексибилна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×