Путин: Мигрантската криза е резултат на надворешната политика на Западот
Објавено на од во Политика

Коренот на актуелната мигрантска криза е во погрешната надворешна политика на Западот, особено на САД на Блискиот исток и во северна Африка, рече рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Источно економскиот форум кој се одржа во Владивосток, пренесува српски Блиц.

„Каква е тоа политика? Тоа е политика на наметнување на своите стандарди, не земајќи ги предвид историските, верските, националните и културните специфичности на регионите. Тоа е првенствено политика на нашите американски партнери“, потенцира Путин.

Тој исто така додаде дека е изненаден и од американските медиуми кои поради мигрантите ја критикуваат Европа.

„САД воопшто не го чувствува приливот на мигрантите, додека Европа, која слепо ги следи инструкциите на Вашингтон, носи најголем товар“, заклучува тој.

Дополнително соопшти, дека предложил основање на меѓународна коалиција за борба против екстремизам, додавајќи дека за оваа иницијатива разговарал со американскиот претседател Барак Обама.

Путин рече дека за оваа коалиција против екстремизам разговарал и со лидерите на Турција, Саудиска Арабија, Јордан и други.

„Ние навистина сакаме да направиме некоја врста на меѓународна коалиција за борба против тероризмот и екстремизмот“, рече Путин.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×