Путин  нареди борба со сите средства  против шпекулантите
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

putinРускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да ги искористи сите инструменти за да го ограничи растот на цените, јавува руската агенција Тас.

“Се случува неосновано и шпекулативно покачување на цените на производите и услугите, што доведува до пад на стандардот на граѓаните. Потребно е да ги искористиме сите расположливи пазарни средстви за да го ограничиме растот на цените и да за прошириме застапеноста на евтини, но висококвалитетни домашни производи”; изјави Путин на состанокот со членовите на владата.

Рускиот претседател исто така и дал задача на владата да ја врати домашната економија на стабилна стапка на економски раст.
“Најважна задача на владата е да ја врати руската економија на стабилни стапки на раст. Мораме да бидеме подготвени на фактот дека периодот на ниски цени на суровините, како и надворешните ограничувања, може да потрае подолго”, изјави Путин.
Според неговите зборови, членовите на владата мораат да обезбедат непречена имплементација на плановите за поддршка на индустриските гранки кои се во ризична зона.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×