Путин: Не бараме непријатели – потребни ни се пријатели
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска порача дека Москва е подготвена за соработка со новата американска администрација, и оти нема намера да се впушта во геополитички конфронтации.

„Не бараме и никогаш не сме барале непријатели. Потребни ни се пријатели“, истакна Путин во годишното обраќање пред Парламентот.

Тој рече дека, меѓутоа, Русија нема да толерира обиди да биде направена штета на нејзините интереси.

Русија и САД имаат заедничка одговорност за светската безбедност, рече Путин, дополнувајќи дека се надева на соработка со Вашингтон во борбата со тероризмот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×