Путин: Некој од турското водство „лиже“ кај Американците, ама тоа нема да им заврши работа
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Илјада и триста акредитирани новинари се натпреваруваат за вниманието на рускиот претседател и на неговиот портпарол, односно за можноста да постават прашање на годишната конференција на Владимир Путин во Москва. Лани конференцијата траеше повеќе од три часа, но се смета дека годинава, со оглед на бројот на новинарите, може да биде урнат и рекордот од 2008 година, кога Путин одговори на 106 прашања за четири часа и 40 минути. Од досега одговорените прашања на денешната конференција, Путин, во делот на економијата призна дека цената на нафтата е ниска, а вредноста на рубљата паѓа, но и напомена дека економијата се опоравува, и предочи статистики што ја поддржуваат тезата за опоравувањето.

Рускиот претседател шокираше кога говорејќи за односите со Турција изјави дека „ако некој во турското водство сака да им лиже на Американците одредено место, не сум сигурен дека на Американците тоа им треба“.

„Ни го урнаа авионот и убија наши војници. Дури и да ја зборуваат вистината и да не знаеле чиј е авионот, што се прави во таква ситуација? Го земате телефонот и објаснувате што се случило. Наместо тоа, тие го повикаа НАТО“, рече Путин, кој ја критикуваше сѐ поголемата исламизација на Турција.

За Сирија, Путин, ги повтори своите досегашни позиции околу Башар ал Асад и ја поддржа иницијативата на САД и на Обединетите нации за решавање на кризата.

Рускиот претседател денеска првпат призна дека Русија има „свои луѓе во Украина“, иако повтори дека не се работи за војници. „Никогаш не сум рекол дека нема луѓе кои таму вршат одредени работи, вклучувајќи и такви од воената сфера. Но, тоа не редовната војска на Русија“, рече Путин, кој Украина ја нарече „братска земја“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×