Путин: Никој не ни верува дека не сакаме да го вратиме СССР
Објавено на од во Политика

Русија не се обидува повторно да го воспостави Советскиот Сојуз, изјави рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека проблемот е што „никој не сака да поверува во тоа“.

„Кога станува збор за Украина и другите републики од поранешниот СССР, сигурен сум дека нашите партнери не работат во интерес на Украина, туку работат на спречување на повторното создавање на СССР“.  рече Путин во синоќа емитуваниот документарец „Светски поредок“, пренесуваат француските медиуми.

„Никој не сака да верува дека ние не се обидуваме да го вратиме Советскиот Сојуз“,  истакна рускиот претседател.

Во документарецот емитуван на каналот „Росија 1“ Путин, исто така, ја критикуваше интервенцијата на Западот на северот од Африка и на Блискиот Исток.

„Не можете само така да воведете своја верзија на демократијата и доброто и злото за луѓето од други култури, друга вера и традиција, и тоа на тој механички, автоматски начин. Се чини дека Западот мисли дека е непогрешлив, но кога ќе дојде време за преземање одговорност, нив нигде ги нема“, истакна Путин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×