Путин одобри криптовалута, но нема да биде дозволено „копање“
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рускиот претседател Владимир Путин даде одобрение за издавање криптовалута што ќе се вика КриптоРубља. Тоа е договорено на состанокот со министерот за комуникации Николај Никифоров, зад затворени врати.

Дигиталната валута ќе биде под контрола на Владата и нема да биде дозволено „рударење“.

„Покренуваме криптовалута од едноставна причина – ако ние тоа не го направиме, ќе го направат нашите соседи од Евроазиската економска заедница за два месеци“, изјави Никифоров.

Сите финансиски операции со таа валута ќе бидат оданочени. Данокот ќе се применува на која било добивка која ќе ја оствари сопственикот на криптовалутата преку разликата меѓу куповната и продажната цена.

„Кога купувате или продавате КриптоРубља ќе ви биде наплатен данок од 13%. Ако сопственикот од некоја причина не може да го објасни потеклото на криптовалутата што ја има, а сака да ја претвори во рубљи, ќе му бидат одземени 13% од вкупната сум“, изјави министерот.

Националната дигитална валута ќе биде префрлена на меѓународниот пазар, бидејќи, како што истакна рускиот министер, бесполезно е да циркулира само во земјата.

„Ова не смее да биде приватна валута, туку таква што ја издава државата, ја контролира државата, и овозможува циркулирање на дигиталните пари во светлината на дигиталната економија“, изјави заменикот министер за економски развој на Русија, Олег Фомичев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×