Путин побара, Усманов испорача: најбогатиот Русин го враќа капиталот дома
Објавено на од во Економија
Рускиот милијардер  Алишер Усманов прв го послуша повикот на претседателот Путин до руските бизнисмени за “деофшоризација“ на нивниот капитал

Најбогатиот Русин, Алишер Усманов,  ги префрли своите удели во мобилниот оператор “MegaFon“ и железарницата “Metalloinvest“ од странство во компании регистрирани во Русија, откако претседателот Владимир Путин ги повика бизнисмените да ги вратат  своите средства во татковината.

Како што пренесуваат “Moscow Times” и  “Bloomberg”, Путин пред извесно време ги засили своите напори за т.н. “деофшоризација“ на бизнисите што се во сопственост на руските милијардери, особено сега кога економијата се соочува со рецесија, заради последиците од западното ембарго кон Русија и руското кон западните стоки за широка потрошувачка.

Така, “Telecominvest Holdings Limited” регистрирана во Кипар,  подружница на “USM Holdings“  во сопственост на Усманов, ги префрли акциитена “MegaFon“  во “AF Telekom Holding LLC“ која што е регистрирана во Русија. “AF Telekom“ сега поседува 53,8% од акциите на “MegaFon“, изјавија од компанијата.  Уште една фирма со седиште во Кипар, подружница на “USM Holdings”,  а тоа е “USM Steel & Mining“ги префрли своите акции од  “Metalloinvest” во “Metalloinvest LLC“, регистрирана во Русија.

Усманов е најголемиот акционер во “USM Holdings” со 48% удел, додека неговите  долгогодишни бизнис партнери  Владимир Скоч  и Фархад Мошири поседуваат 30% и 10% респективно. Усманов, инаку Узбекистанец по потекло, е познат по бројните удели што ги поседува во бизниси од различни сектори – енергетика, технологија, медиуми, а меѓу другите е и акционер во лондонскиот фудбалски клуб Арсенал. Неговото богатство пред кризата во Русија се проценуваше на 20-тина милијарди долари.

Путин: Амнестија на капиталот нудиме само еднаш

Претседателот Путин исто така предложи амнестија на капиталот што ќе се врати во Русија, ветувајќи дека сите оние што ќе ги вратат своите пари, акции и други средства во татковината, нема да платат данок на нив, или да се соочат со истраги и други дејства од страна на државните органи.

Путин во неодамнешното обраќање  до нацијата даде цврсти гаранции дека никој нема да им додева на оние што ќе го вратат капиталот дома.

“На економијата и е потребна кеш инјекција, затоа што државата претрпува огромен одлив на странски капитал поради санкциите, и загуба во домашната економија заради големиот пад на цената на нафтата, која што е клучниот извозен производ на земјата.

Руското Министерство за економски развој соопшти дека очекува до крајот на годинава околу 125 милијарди евра капитал да се одлеат од земјата – сума што е околу 6% од рускиот БДП.

Путин рече дека понудата за амнестија на капиталот ја дава само еднаш.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×