Путин потпиша, нуклеарниот договор со САД веќе не важи
Објавено на од во Политика
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша законот со кој се прекинува примената на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) од периодот на Студената војна.
pen-putin-b-20180421131554Законот, кој е усвоен во Долниот дом на рускиот Парламент на 18 јуни, а Горниот дом го усвои на 26 јуни, е објавен на официјалната страница за правни информации.
Во него се наведува и дека шефот на државата ќе одлучува за обновување на примената на Договорот.
Путин во февруари оваа година најави дека ќе го прекине учеството на Русија во Договорот по ненадејната одлука на САД да се повлечат од Договорот.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во октомври минатата година соопшти дека САД ќе се повлечат од Договорот, кој беше камен темелник за европската безбедност од потпишувањето во 1987 година.
Москва подоцна вети соодветен одговор на одлуката на Вашингтон и најави дека ќе го суспендира своето учество во Договорот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×