Путин: Следен чекор е прекин на огнот во цела Сирија; Блумберг: Русија и Турција го истуркаа Западот
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека следната фаза кон завршување на конфликтот во Сирија е обезбедувањето прекин на огнот на целата територија на земјата.

„Следниот чекор (после Алепо) е да се постигне договор за целосен прекин на огнот во цела Сирија“, изјави Путин во Токио, каде што е на официјална посета.

Рускиот претседател истакна дека Русија „активно преговара со членовите на вооружената опозиција, со посредување на Турција“.

Според зборовите на Путин, со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, работат на тоа да почне нов круг на мировни преговори меѓу сириската влада и опозицијата.

Како што наведе, преговорите ќе бидат одржани во главниот град на Казахстан, Астана.

Целата ситуација со Алепо, според оценката на Блумберг, покажува дека Русија и Турција ги истуркале САД и воопшто Западот од Сирија.

САД, ниту европските сили, се чини не биле свесни дека Русија и Турција договараат примирје и евакуација во Алепо, а откако силите на сирискиот претседател Башар ал Асас одново го заземаа опустошениот град, тоа би можело да стане ново сириско секојдневие во кое Западот повеќе ќе биде посматрач отколку активен учесник.

Како што наведува Блумберг, воената победа на рускиот штитеник Асад во Алепо, хуманитарната криза, како и постепениот развој на односите на Русија и на Турција во Сирија, претставува значаен пораз за надворешната политика на САД, што ќе има одек на Блискиот исток, а на администрацијата на новиот претседател Доналд Трамп ќе ѝ остави тежок избор – да игра второкласна улога или да се обиде да влезе „на мускули“, спречувајќи ги Москва и Анкара да ги поделат сферите на влијание.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×