Путин: Турски поток најважен за европската енергетска безбедност
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Нуклеарната електрана Акуја и гасоводот Турски поток ќе станат едни од најважните компоненти за регионална и европска енергетска безбедност, изјави рускиот претседател на денешната заедничка прес-конференција со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.
путинПутин истакна дека и двата проекти се во согласност со највисоките стандарди за животната средина и технологијата.
Тој додаде дека електраната ќе почне со работа во 2023 година на 100-тиот роденден на Турција, додека гасоводот ќе биде оперативен до крајот на годината.
„Во иднина, по експанзијата на Турскиот поток и конструкцијата на вториот крак, гасот ќе се транспортира до Европа“, посочи Путин.
Акуја ќе биде прва нуклеарната електрана во Турција, а проектот е имплементиран врз основа на Договорот потпишан во мај 2010 година помеѓу владите на Русија и на Турција.
Проектот Турски поток е гасовод кој поминува под дното на Црно Море и европскиот дел на Турција до границата со Грција. Првиот дел од проектот ќе ги задоволи барањата на турскиот пазар, додека со вториот крак рускиот гас ќе пристигне до Јужна и Југоисточна Европа.
„Газпром“ како потенцијален пазар ги гледа Грција, Бугарија, Србија и Унгарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×