Путин уверлив победник на изборите во Русија – со новиот мандат си ја продолжи власта на речиси четврт век
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со големо мнозинство гласови добиени на вчерашните избори, актуелниот претседател на Руската Федерација, Владимир Путин (66), и во следните шест години ќе остане на таа функција.

Путин освои гласови од 76,67% од гласачите и им се заблагодари на граѓаните за поддршката што му ја дадоа нагласувајќи дека во таа поддршка гледа доверба од граѓаните и надеж за понатамошен развој на државата.

Ги повика граѓаните на Русија да го задржат единството.

На второ место е Павел Грудинин, кандидат на Комунистичката партија со освоени 11,82% гласови, а лидерот на Либерално демократската партија, Владимир Жириновски, е на трето место со 5,68% освоени гласови, според 99,8% преброени ливчиња.

Избирачката активност беше 67,4% според Централната изборна комисија. На претходните таа беше 64%.

Новиот мандат во најголемата држава во светот Путин го освои во време кога односите на Русија со Западот се на „непријателска патека“.

Со победата тој на чело на државата ќе биде речиси четврт век, до 2024 година кога ќе има 71 година.

На опозицискиот лидер Алексеј Навални не му беше одобрено да учествува на изборите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×