Путин: Воената хистерија околу Северна Кореја нема смисла и може да доведе до глобална катастрофа
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „воената хистерија“ околу Северна Кореја „нема смисла“ и оти „може да доведе до планетарна катастрофа“. „Русија ги осудува тестовите“ на Северна Кореја, која тврди дека во неделата успешно тестирала хидрогенска бомба, но воведувањето на какви и да се санкции во овој случај е „бескорисно и неефикасно“, смета Путин.

Рускиот претседател изјавата ја даде на маргините на самитот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка) во Кина.

„Севернокорејците нема да се откажат од својата (нуклеарна, н.з.) програма, доколку не се чувствуваат безбедно. Затоа мораме да се обидеме да водиме дијалог со сите заинтересирани страни“, изјави Путин.

Тој го критикуваше воениот одговор како опција во каков и да е случај, а САД не исклучија дека е можно и вака да реагираат на евентуалните следни тестови на Северна Кореја.

„Ширењето воена хистерија нема смисла и води во ќорсокак. Сето ова може да доведе до глобална катастрофа и до голем број жртви“, изјави Путин.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×