Путин: Војна со Украина? Такво апокалиптично сценарио нема да видите
Објавено на од во Политика
Рускиот претседател Владимир Путин, во текот на вчерашниот ден изјавил дека веројатноста да дојде до војна помеѓу Русија и Украина е многу мала.

„Малку веројатно е да се случи такво апокалиптично сценарио и се надевам дека до тоа никогаш нема да дојде“, изјавил Путин за руската телевизија „Русија1“.

Исто така, рускиот претседател оценил дека во моментов нема потреба за уште една средба со лидерите на Франција, Германија и Украина, потенцирајќи дека доколку се почитува договорот од Минск за прекин на огнот во истокот на Украина, состојбата ќе се нормализира.

Тој ги повика украинските власти да направат се што е во нивна можност за на еден „цивилизиран начин“ да го решат проблемот во југоисточниот дел на земјата.

Иако лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција пред повеќе од една недела постигнаа договор за прекин на огнот и изнаоѓање политичко решение за кризата во Украина, сепак  украинската војска и проруските бунтовници меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето, што го забавува процесот на повлекување на тешката артилерија од фронтот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×