PwC: Кина ќе биде најголема светска економија до 2050 година
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кина до 2050 година би требало да стане најголема светска економија, додека САД би можеле да заостанат и зад Индија, се проценува во најновото истражување на консултантската компанија PricewaterhouseCoopers (PwC).

Светската економија до 2050 би можела да се удвои, под претпоставка на успешни мерки за нејзино поттикнување и изостанок на поголеми глобални катастрофи, проценува PwC во извештајот именуван „Долгорочна прогноза: Како ќе се промени сликата на светскиот економски поредок до 2050 година“.

На листата од 32 земји, базирана на проценката на бруто домашниот производ според паритетот на куповната моќ, првото место ѝ припаѓа на Кина со проценет БДП во 2050 од 58.500 милијарди долари и петина удел во светската економија.

Следи Индија со БДП поголем од 44.000 милијарди долари, додека трети се САД со проценета вредност од 34.100 милијарди долари.

На четвртото место според извештајот на PwC ќе биде Индонезија со проценет БДП од 10.502 милијарди; на петтото Бразил со 7.540 милијарди, а на шестото Русија со 7.131 милијарди долари.

Од европските економии Германија е на деветтото место со проценета вредност на БДП во 2050 година од 6.138 милијарди долари.

Уделот на ЕУ-27, без Велика Британија, во светскиот БДП би можел да се намали под нивото од 10%, со што би бил помал од оној на Индија.

Економиите во фаза на настанување би требале во идните триесетина години да бидат мотор на растот на светската економија и до 2050 година да прават скоро половина од неа, во однос на сегашните 35%.

Меѓу 27-те земји од ЕУ најсилен раст се очекува од Полска, а Британија има потенцијал да расте посилно од Унијата откако ќе ги преболи преодните последици од Брегзитот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×