R.I.P: Последниот видеорикордер во светот ќе се произведе овој месец
Објавено на од во hi-tech & business
Јапонската компанија Funai, последниот производител на видеорикордери во светот, нема повеќе да нуди вакви уреди.
VCR

 

 

 

 

 

 

Јапонскиот производител Funai Electric (повозрасните сигурно се сеќаваат дека овој бренд го имаше и на нашиве простори, н.з.), кој што тврди дека е последниот производител на видеорикордери во светот, објави дека сопре со производството овој месец, јавува CNN Money.

Funai почнал да произведува видеорикордери во 1983 година, и во најдобрите времиња продавал по 15 милиони единици годишно. Но, во меѓувреме, овој уред беше заменет со нови технологии: DVD, Blu-ray, а сега со видео стриминг сервисите.

Сепак, љубители на старомодниот видеорикордер со касети сe’ уште има по светов, па така Funai лани продал 750.000 уреди, но од компанијата велат дека станува сe’ потешко да се снабдат со потребните делови за овие производи.

Од компанијата велат дека голем број потрошувачи почнале да се јавуваат кај нив и да прашуваатг каде може да ги купат последните парчиња.

Видеорикордерите се појавија на пазарот уште во 1960-те, но станаа масовно популарни дваесетина години подоцна,  откако Sony претстави уреди со пониска цена. Останатите јапонски производители како Panasonic, RCA, JVC, Toshiba, итн., исто така направија голем успех со продажбата на своите видеорикордери.

Видеорикордерот , снима, складира и емитува ТВ програма и видео содржини, користејќи касета со магнетна лента.

Во 1984 година, американскиот Врховен суд одлучи дека домашната употреба на видеорикордери не ги крши правата на интелектуална сопственост, со што го отвори патот за вистинска експлозија на побарувачката за овие уреди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×