Работна група ќе ги презентира инвестициските можности на земјава на ITU Telecom World 2019
Објавено на од во Економија
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски треба да формира работна група за презентација на земјава на ITU Telecom World 2019 кој претставува можност за промоција и привлекување странски инвестиции во сферата на телекомуникациите и ИТ секторот, поврзување со потенцијални партнери од областа на дигитализацијата на глобално ниво, како и за презентација на можностите за трет мобилен оператор во земјата.
ITUtw19-700x421„Владата на Република Северна Македонија на 144-та редовна седница, ја разгледа и усвои Информацијата за формирање Работна група за презентација на Република Северна Македонија на ITU Telecom World 2019 и го задолжи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да ја состави и предводи нашата делегација на овој настан, кој претставува можност за промоција и привлекување странски инвестиции во Република Северна Македонија во сферата на телекомуникациите и ИТ секторот, како и поврзување со потенцијални партнери од областа на дигитализацијата на глобално ниво“, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Дополнително, сметаат од Владата, присуството на овој настан отвора можност за презентирање на бизнис климата и постигнатите резултати во областа на телекомуникациите во Република Северна Македонија, како и презентација на можностите за трет мобилен оператор во земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×