Работното време не е најважно, најважно е да ја завршиш работата на време!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

nebojsa-matic-001Матиќ не е типичен српски бизнисмен. Не се жали ниту на државата, ниту пак на работниците. Не можел да бира каде ќе се роди, но во средината во која живее, успеа да покрене сериозен бизнис, од кој денес живеат неговата и уште околу 70 други семејства. Со диплома од Електротехничкиот факултет, тој почна од гражата на својот татко во Лајковец, а стигна до модерна зграда во Земун. Од друга страна, работниците сам ги бирал и на нив нема ама баш никаква забелешка.

Небојша Матиќ (46) е сопственик на фирмата „Микроелектроника“ која се занимава со развојни системи и компајлери. И едното и другото се алати за микрокотролери. Тоа е мозокот на секој уред.

Matic_1Тоа е она мало црно, чија функција зависи од тоа како сте го програмирале – објаснува нашиот домаќин. „Тој дел може да биде употребен и во клима – уредите, и во камерите и во мобилните телефони. Сакам да кажам дека всушност ние им продаваме време на инженерите. Производите ги продаваме во 130 држави, а соработуваме со 56 дистрибутери.

Зградата во Земун е многу важна за оваа фирма. Таа не само што сведочи за развојот и напредокот, туку и за необичното постапување на сопственикот. Позади машините за склопување на компонентите и нивно лемење, кои се последен дострел во технологијата денес не стојат само инженерите, туку и еден гипсар. Осуммина мајстори кои ја градеа фабриката добија работа.

Тие ја искористија својата шанса. Ако ти си добар гипсар, нема што не знаеш да работиш. Но, ако си инженер, не мора да значи дека ќе бидеш добар со машините – смета Матиќ.

Мене овде ми требаат среќни луѓе. За да проценам дали некој е добар за нашата компанија, зборувам со нив до бесвест“, вели тој.

Матиќ овие денови прави селекција за нови кандидати за работа. До крајот на годината, ќе вработи околу 30 нови работници. Тој ни ги покажува биографиите на еден од потенцијалните соработници. Го откуцал својот живот на три страни, ставил слика од фамилијата, пријателите, куќниот миленик … Оваа биографија вели Матиќ, многу зборува за кандидатот.

Сакам кога ќе видам дека човекот нешто го движи во животот. Дека има мотив да работи и создава“- вели нашиот домаќин. „Бараме добро воспитан и карактерен човек. Кој ќе работи одговорно, без оглед на се. Кај нас работното време не е важно, важно е да ја завршиш својата работа на време. И да го дадеш својот максимум. Им дозволуваме на луѓето дополнително да се образуваат во областа во која не стигнале. Мораш да ги пуштиш луѓето да се развиваат. Сите ние сме како лалиња, затворени , додека не се создадат услови да „расцутиме“. Во 99% од случаите сам човек подобро се развива, отколку постојано да го насочиме. Човек кој со години работеше во печатница, стана врвен програмер. Тој ги читаше книгите кои ги објавувавме и од нив научи „занает“. Во еден момент сфатив дека тој доволно ја совлада оваа темата и дека ќе ни биде од голема корист“.

MaticМатиќ го истакнува и посебното правило кое се почитува во неговиот тим. „Никој не може да остане во компанијата, ако не го прифатат колегите со кои би требало да работи. Тие проценуваат кој ќе придонесе нивниот заеднички резултат да биде подобар. Од друга страна, ни директорот не може да даде отказ на некој кој колегите го сметаат за добра алка во производниот синџир“.

Не сум типичен капиталист, туку по убедување сум социјалист“ низ широка насмевка зборува Матиќ за Новости. „Сметам дека должност на секој човек кој води компанија е да ја направи онаква во каква би сакал да работи неговото дете. Утре, кога сите претпријатија во Србија би биле како нашето, мене би ми било неважно каде мојата ќерка ќе работи. Работникот има големо значење за компанијата, бидејќи и тоа како тој изгледа и колку сметка води за себе, има влијание  на крајниот производ“.

Дека односите во оваа компанија не се строго формални, на секој чекор сведочат и насмевките и постапките на вработените. Опуштена атмосфера, ресторан, сала за состаноци, а најмногу теретаната и просторот за пинг-понг даваат впечаток на место на кои вработените секое утро доаѓаат без главоболка. Не за да одработат уште еден работен ден, туку за да придонесат нивната заедничка работа да се изврши на најдобар начин.

Не ми е целта да умреш работејќи денеска. Не треба да се скршиш од работа. Ќе работиш и утре и наредните пет и десет години“, ја објаснува Матиќ својата бизнис филозофија.

„Нам не ни треба бистар и паметен човек чиј резултат од работата не може да се продаде. Нека бидеме и глупави, но да знаеме дека сме го продале она што сме го створиле. Кога некој би ни платил, би направиле и Спејс Шатл. Не сме подготвени за тоа, но би научиле и тоа да го направиме. Многу ги почитувам овие луѓе, бидејќи сум свесен колку секој од нив е значаен за компанијата“.

Просечната плата во Микроелектроника е околу 600 евра. Матиќ се надева дека следната година, кога ќе исплати уште неколку рати од кредитот за нови машини, ќе има простор и за зголемувања. Она што е за повеќето работници во Србија само сон, 13-тата плата, овде е редовна појава. Овој работодавач, за разлика од другите кои веќе во разговорот за вработување ги одбиваат оние кои планираат да формираат семејство, поддржува и поттикнува проширување на семејствата на вработените.

3Ветил дека на секој работник кој ќе добие трето бебе ќе му дава по 200 евра месечно, а по 400 евра за секоја четврта принова. Досега оваа привилегија никој не ја искористил. Но, единствената причина за тоа е што тимот е уште млад. Моментално повеќето соработници „лулаат“ меѓу една и две колевки.

Големо прашање е како некој да се мотивира ако не му треба ништо? Ако живее кај мама и тато, добива 50-60 евра џепарлак, има обезбедена храна“, вели Матиќ.

Тој нема мотив да работи. Затоа јас моите (вработени) ги „мачам“ да создаваат семејства. Кога ќе се венчаат доаѓа едно, па, второ дете. Така се станува човек“.

Матиќ се гордее со својата компанија и со работниците, но подеднакво е горд и поради своите хобија. Покажува тукушто врамена фотографија од насловна страна на риболовен магазин, на која е сликан со трофеј.

Времето поминато на риболов е најкорисно за размислување – тврди сопственикот на Микроелектроника.

^3CDFCC90004ECC470825AC0BE83316F5ADA06EAE63CC2E5FD9^pimgpsh_thumbnail_win_distrПасиониран риболовец сум. Приказната за риболовот е приказна за карактерот. Рибата „работи“ и во декември, но тогаш нема риболовци на Колубара. Јас сум скоро единствен кој во тоа време лови и ноќе. Зошто? Па, на другите им е студено. Е, кога ќе биде гужва на Колубара во 10 навечер во декември, тогаш на Србија ќе ѝ биде подобро. Ни недостасува страст во работата и во животот“.

One thought on “Работното време не е најважно, најважно е да ја завршиш работата на време!

  1. Интересна приказна …
    Би било убаво доколку, каде што го наведувате изворот, Новости, да ставите можеби и линк до истиот, па читателите да погледнат и да прочитаат и дел од коментарите пишани таму. Секој медал има две страни …

    За оние кои ги интересираат коментарите еве го линкот: http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/ekonomija/ak

    Поздрав и благодарам однапред за објавениот коментар

    Јованче

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×