Радован Витошевиќ, Lyoness Македонија: Мрежниот маркетинг е бизнис на 21-от век!
Објавено на од во луѓе и компании
Ние даваме можност за изградба на глобална куповна заедница, можност за заработувачка од секое поединечно направено купување. За разлика од другите компании кои се занимаваат со мрежен маркетинг, ние не продаваме ништо, само ги регистрираме луѓето бесплатно во Lyoness, и ги насочуваме кај нашите трговци да пазарат. Со тоа трговците нe’ наградуваат со ексклузивни предности што го менуваат животот. Исто така, нашите членови не се ограничени со препораката. Можеме да го развиваме бизнисот во целиот свет, а да живееме во Македонија!

 

-Каква компанија е Lyoness, од каде потекнува и со што се занимава?

Lyoness е основана во 2003 година во Грац, Австрија. Во моментов компанијата брои околу 1.000 вработени и е активна на 46 пазари низ целиот свет како глобална Куповна заедница за потрошувачи во повеќе сектори и како Лојална програма за трговските партнери на Lyoness низ целиот свет.
Во моментов, Lyoness има повеќе милиони членови и тие добиваат ексклузивни предности при пазарувањето – пари назад (Cashback) од нивните купувања и шопинг поени (Shopping Points) кај повеќе од 40.000 трговски партнери и повеќе од 250.000 cashback локации.
Парите кои се враќаат назад членовите ги добиваат на трансакциска сметка во банка, a шопинг поените можат да ги искористат за други купувања и за нив да добијат попусти.

-Од кога е Lyoness присутен и во Македонија?

Канцеларијата на Lyoness во земјава е отворена во 2011-та и оваа година целта е да достигнеме членство од повеќе од 5% од македонското население.
Од друга страна, Лојалната програма на Lyoness е алатка која на компаниите им овозможува уникатна win-win ситуација кон нашите членови. Членовите се лица кои бараат начин да заштедат пари при нивното секојдневно пазарување, а компаниите кои ги користат нашите услуги бараат начин да воспостават долгорочна соработка со потрошувачите. И тука Lyoness како меѓународно активна Куповна заедница ги поврзува потребите на луѓето и компаниите, креирајќи на тој начин уникатна глобална мрежа.

-Како функционира враќањето пари назад кон членовите?

Наместо да бараме попуст на касите кај трговците, благодарејќи на куповната сила на заедницата на Lyoness, членовите добиваат посебни членски предности. Членовите плаќаат полн износ на касите при купувањето и истовремено се идентификуваат со нашата Cashback картичка.
Нашата лојална картичка е уникатна во споредба со останатите, бидејќи е валидна во 46 земји каде што Lyoness моментално е присутен, вклучувајќи ја, се разбира и Македонија, и тоа во сите трговски сектори каде што сите ние секојдневно пазаруваме. Во зависност од трговскиот сектор каде што купуваме, предностите кои нашите трговски партнери ги одобруваат кон членовите се движат некогаш и до 15%. Замислете си да добиете пари назад правејќи ги сите наши основни животни трошоци: за кафе, леб, млеко, гориво, храна, телефонски импулс, бела техника, патување, осигурување, итн.
Кој не сака пари назад? Тоа е како да најдеш пари на земја кога одиш по улица! Дали нема да се наведнеш за да ги земеш?!?

 

-По што се разликува Cashback картичката на Lyoness од останантите картички за лојалност и како може таа да се добие?

Има многу компании кои веќе нудат Cashback услуги. Членовите на Lyoness освен што добиваат бесплатна картичка добиваат и ексклузивни предности во целиот свет, односно добиваат и нешто што се вика пријателски бонус. Со секоја направена препорака на Lyoness, препорачателите на картичката имаат можност да добијат дополнителни 0.5% награда која ја одобрува трговскиот партнер, односно изразува благодарност за препораката и за новиот промет кој се јавува како последица од таа препорака. Уникатноста е што ние не продаваме ништо, туку продаваат нашите трговски партнери како што се Веро, Макпетрол, Техномаркет, Рептил Маркети, Жито Маркети, Мегаспорт, Виола аптеки и многу други низ целата држава. Ние само ги пренасочуваме луѓето кај трговските партнери на Lyoness и за тоа сме наградувани. Сите ние уште од мали нозе сакаме да препорачуваме производи и услуги со цел да пренесеме убаво искуство на нашите најблиски. Освен добиената сатисфакција од препораката ние не сме наградени со предности. Колку автомобили, телефони, хотели и ресторани сме препорачале во текот на животот? Тоа го правиме секојдневно, а не сме свесни за тоа, и сме професионалци во препорачување убави производи и услуги. Овој процес на директна препорака – од уста на уста – е најефективниот начин на маркетинг, бидејќи според светските истражувања, довербата ја создаваат луѓето на прво место, па потоа следуваат медиумите како што се телевизија, весник, радио, билборд итн. Со Lyoness, сега можеме да ги препорачуваме сите производи и услуги на овој свет што н$ воодушевуваат и од тоа да заработуваме.
Кога ги препорачуваме услугите на Lyoness, природно се креира еден феномен наречен “реверсен маркетинг“, каде што трговците со понуда на Lyoness предностите, без да трошат многу средства за рекламирање, добиваат нови и лојални купувачи, а со тоа и поддршка од најголемата лојална програма на светот. На тој начин, трговците многу заштедуваат, бидејќи знаеме дека развој на сопствена лојална програма е голема инвестиција како во пари, така и во време и дополнителни човечки ресурси. Поради постигнатиот win-win ефект, нашата картичка и нашиот Cashback е поразличен и подобар од останатите!
Во последниве неколку години не само што успеавме да основаме успешна компанија со услуга која може да овозможи индивидуално голема заштеда, туку успеавме да започнеме целосно нова индустрија на пазарот која се нарекува мрежен маркетинг, за која сметам дека е бизнис на 21 век.

Lajones2

Со нашиот бренд Lyconet ние го поддржуваме концептот на пасивен приход – работиш одреден период од животот и потоа парите почнуваат да работат за тебе. Членовите имаат можност да се искачуваат на кариерната скала и да заработуваат неограничено од секојдневни купувања на консументите ширум светот.

-Објаснете ни малку повеќе за тоа?

Секоја компанија има една задача, а тоа е да продава, бидејќи продажбата е единствената ставка во билансот на успех која носи приход. Компаниите имаат два избора како да ја постават продажбата – или да вработат флота на продавачи која ќе дистрибуира директно и ќе биде фиксно платена, или може да изберат да користат мрежен маркетинг.
Сега ќе ви го објаснам овој бизнис преку едноставен пример: замислете дека сте компанија која продава автомобили. За да се произведе еден автомобил во фабрика да претпоставиме дека трошоците се 5.000 евра. Кога ќе пристигне овој автомобил во салон, истиот се продава за 15.000 евра. Зашто е тоа така? Каде отишла разликата? Разликата секогаш оди кај посредниците! За да се продаде било кој автомобил, прво треба да се увезе, да се плати царина и скапи давачки, зарем не? Затоа доколку сте продавач на автомобили треба да имате увозник, шпедитер, дистрибутер и салон. Секоја од овие страни се задоволува со одредена маржа, а истовремено треба да се плати и најголемиот дел, а тоа е маркетингот. Е сега замислете, разликата од 10.000 евра наместо да ја земаат посредници, да има можност посредничката маржа да му припадне на било кој човек кој ќе се одлучи да дистрибуира. Во нашиот случај дистрибуцијата се базира на делење на бесплатна картичка со пренос на информација и едукација кон новиот член, за тоа како и зошто се користи таа, с$ со цел да овозможиме пари назад при секое купување.

- Зошто велите дека мрежниот маркетинг е бизнис на 21 век? Колку сериозно е развиен овој концепт во светот?

Мрежниот маркетинг е индустрија која потекнува од Америка и постои повеќе од 70 години. Тоа е докажан концепт на дистрибуција на услуги и производи преку независни дистрибутери, односно претприeмачи кои препознаваат можности за бизнис. Неодамнешните статистики покажуваат дека на глобално ниво, оваа индустрија генерира178 милијарди долари промет годишно. Тоа е исто колку што генерираат приход филмската индустрија, музичката индустрија и индустријата на видео игри заедно.
Денес овој систем го користат многу познати светски компании и гиганти како што се Coca Cola, најголемата финансиска институција во светот City Group, компјутерскиот гигант IBM и многу други. Овие компании, меѓу кои и Lyoness, го препознаа и го прифатија овој систем бидејќи е докажан метод за брз развој.

-Како луѓето во Македонија го прифаќаат концептот на мрежниот маркетинг, конкретно во случајот на Lyoness?

Треба да сме свесни дека луѓето кои сe’ уште се наоѓаат во ментална матрица од некои минати времиња, имаат предрасуди за мрежниот маркетинг и неговото прифаќање. Јас лично сум го почувствувал тоа – на почетокот луѓето ме гледаа со резерва, да не речам чудно кога им ја презентирав оваа прекрасна идеја за бизнис. Имаше секакви коментари, ми велеа “си напуштил златна работа во банка и сега работиш ова со картичкиве?!”. Едноставно се потсмеваа.
На почетокот воопшто не беше лесно, бидејќи оваа индустрија не е многу застапена во нашата држава. Луѓето не се едуцирани за овој концепт на бизнис и секако, како и за с$ останато што е различно од “нормалното“, имаат предрасуди и не го разбираат.
Но, како што кажал големиот филозоф Шопенхауер: “Секоја голема идеја прво е исмевана, па е саботирана и на крајот се претвора во стандард”.
Денес Lyoness е стандард, горд сум на тоа и многу сум возбуден за светлата иднина на оваа компанија! Со цел да ги едуцираме луѓето имаме воспоставено целосна едукативна програма која ја нарекуваме Lyoness академија. Не ги учиме луѓето само за тоа зошто е добро за нив да пазаруваат кај нашите трговски партнери и да добиваат пари назад, туку ги обучуваме и да станат професионалци и лидери во сегментот на мрежен маркетинг.

-На кој начин и со каква професионалност се работи овој бизнис?

Со цел да го подигнеме нивото на професионалност формиравме нов бренд наречен Lyconet, наменет за луѓе кои се претприемачки расположени и сакаат да ја користат нашата компанија како платформа за изградба на сопствен бизнис.
Ние даваме можност за изградба на глобална куповна заедница, можност на заработувачка од секое поединечно направено купување. За разлика од другите компании кои се занимаваат со мрежен маркетинг, ние не продаваме ништо, само ги регистрираме луѓето бесплатно во Lyoness, и ги насочуваме кај нашите трговци да пазарат. Со тоа трговците н$ наградуваат со ексклузивни предности кои го менуваат животот. Исто така, нашите членови не се ограничени со препораката. Можеме да го развиваме бизнисот во целиот свет, а да живееме во Македонија!
Дали некогаш сопственикот на компанијата во која работиш ти понудил да му бидеш ортак? Дали некогаш си бил платен помалку отколку што мислиш дека треба?
Кај мрежниот маркетинг нема аматеризам, секој е платен по заслуга. Во традиционалниот бизнис, од двајца вработени на иста позиција, едниот од нив може да биде попродуктивен од другиот, а да заработуваат исто. Кај нас највредните заработуваат многу, а оние кои не работат не заработуваат ништо. Фер бизнис, зарем не?!? Без ризик и без капитална инвестиција можеш да започнеш сопствен бизнис, да си овозможиш пасивен приход за себе и за своите поколенија.

 

Lajones3

Имаме големи планови и високи цели за Македонија. Сигурен сум дека до крајот на 2020 година 20% од македонското населението ќе бидат членови на Lyoness и ќе имаме илјадници трговски партнери. Исто така планираме голем проект во Македонија за 2015/2016 година – се работи за лансирање на нов производ наречен Lyoness MasterCard®.

 

-Што подразбирате под пасивен приход, како тој се разликува од секојдневните примања на луѓето кои се вработени?

Луѓето најчесто го мешаат поимот работа со бизнис. Сите ние работиме за фиксна плата која се исплаќа само доколку активно работиме. Доколку престанеме да работиме нема да имаме повеќе примања. Од друга страна, пак, секој паметен претприемач гради мрежа и ја користи за да создаде бизнис кој ќе му овозможи да има добри примања, па дури и да не оди на работа. Ќе кажеме дека тоа е возможно и со активните примања бидејќи еден дел оди во пензискиот систем. За жал, овие државни институции не само во Македонија туку и низ целиот свет доживуваат пораз. Немаат средства да го издржат пензискиот систем, бидејќи тоа е систем на солидарност чиј буџет е краткорочен и зависи исклучиво од активноста на моменталната работна сила. Затоа имаме толку сиромашни пензионери во државата кои цел живот работеле за фиксна плата, активен приход, за да на крајот од животот наместо да уживаат во пензијата, доаѓаат во состојба да немаат пари ни за лекови.

Од друга страна пак, поради технолошкиот напредок работната сила повеќе нема да биде потребна како порано. Пример е нашата држава каде што имаме една третина од работноспособното население кои се невработени и се натпреваруваат за 5.000 непополнети работни места.

-Како Lyoness практично го стимулира концептот на пасивен приход?

Со Lyconet ние го поддржуваме концептот на пасивен приход, работиш одреден период од животот и потоа парите почнуваат да работат за тебе. Членовите имаат можност да се искачуваат на кариерната скала и да заработуваат неограничено од секојдневни купувања на консументите ширум светот.
Ние на нашите членови им даваме надеж, визија и неограничени можности без разлика на возраст, пол, старост, едукација, минат труд, економска состојба или политичка определба. Имаме успешни приказни за луѓе со секакво минато, па дури и за луѓе кои доаѓаат од сиромашни земји. Секој човек кој верува во филозофијата на Lyoness, вреден е и упорен, може да успее да креира пасивен приход, и со тоа да достигне нешто за што сите сонуваме – финансиска независност и слобода.

-Кои ви се целите и визиите за Lyoness Македонија?

Имаме големи планови и високи цели за Македонија. Планираме доста агресивно да го освоиме пазарот во наредните неколку години. Сигурен сум дека до крајот на 2020 година 20% од македонското населението ќе бидат членови на Lyoness и ќе имаме илјадници трговски партнери.
Исто така планираме голем проект во Македонија 2015/2016 година, кој веќе е започнат и функционира во другите европски земји каде што Lyoness е присутен. Се работи за лансирање на нов производ наречен Lyoness MasterCard®. Тоа е дебитна платежна cashback картичка која враќа пари на преку 3.9 милиони локации ширум светот.

-На кој начин Lyoness користи дел од својот профит за општествена одговорност?

Корпоративната општествена одговорност е многу важна за Lyoness. Поради тоа беа основани две добротворни фондации кои се составен дел на компанијата. Во 2008 година е основана Lyoness Child & Family фондацијата, независна, добротворна организација која им помага на децата, младите и семејствата во тешки услови, особено во полето на образованието. Во 2011 година беше основана и втората фондација Lyoness Greenfinity, која ја промовира глобалната заштита на животната средина, спроведува иновативни проекти за заштита на климата и инвестира во користењето на обновлива енергија. Фондациите автоматски добиваат поддршка од секое направено купување од страна на членовите кај трговските партнери на Lyoness. И во Македонија се реализирани неколку проекти. Во соработка со Lyoness Child & Family фондацијата се изврши реновирање на ОУ “Гоце Делчев“ во с.Љубанци во Скопје. Проектот содржеше комплетно реновирање на сите прозорци и врати, поправка на покривот, беа обезбедени нови школски материјали, кујнски прибор и канцелариска опрема, и со тоа се овозможи подобра и посигурна атмосфера за учење и за работа. Минатата година во месец октомври беше организиран проект “Angel for a Day” повторно преку Lyoness Child & Family фондацијата. Организиравме незаборавно дружење за 20-тина деца од с.Косоврасти, дебарско, со посета на Зоолошката градина во Скопје.
Во тек е уште еден проект, кој го започнавме минатата година, исто така во месец октомври. Овој проект е организиран во соработка помеѓу Lyoness Greenfinity фондацијата и проектот на USAID- Interethnic Integration in Education Project (IIEP). Извршивме реновирање на системот за греење, односно беше воведен еколошки систем на пелети за греење во ОУ “Ристе Ристески” во Дебар. Официјалното отворање на проектот ќе се случи во средината на оваа година.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×