Рафис Аљити е носител на иницијативата за повлекување на одлуката за распуштање на Собранието
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Потпретседателот на Собранието, Рафис Аљити, е носител на иницијативата на која веќе се потпишале пратеници на ДУИ, за повлекување на одлуката за распуштање на Собранието што треба да стапи во сила денеска по полноќ. Аљити, како што пренесе Алсат-М, се консултира со координаторите на пратеничките групи, со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ, за да обезбеди дваесет потписи што иницијативата ја прават полноважна пред Парламентот.

Од СДСМ претходно веќе изјавија дека тие нема да бидат дел од ваква иницијатива, порачувајќи дека тоа е работа на партиите што самоиницијативно донесоа одлука Парламентот да се распушти на 24 февруари, визирајќи избори на 24 април.

Алити смета дека сите парламентарни партии треба да гласаат за поништување на одлуката за распуштање на Собранието, кое треба да продолжи да работи додека не се создадат услови за слободни и демократски избори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×