Рама за „Ајриш Тајмс“: Не сум оптимист за почеток на преговорите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Албанскиот премиер Еди Рама не е оптимист за она што ќе се случи следната недела во Советот на Европа, каде ќе се дискутира за отпочнување на преговорите на Албанија и Северна Македонија со Европската унија.
Edi-Rama-crop„Дали сум оптимист? Не“, отсечно одговорил Рама за ирскиот весник „Ајриш Тајмс“, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.
Тој додал дека не може да се биде оптимист ако се види се она што се случува во Европа.
„Јас сум оптимист за иднината на земјата(Албанија), но не и за она што ќе се случува идната недела . Ние сме колатерална штета. Кога некаде има бомби и се погодува една градина-ние сме градината“, рекол Рама.
Тој се задржал и на правосудната реформа и критиките за нефункцинирање на судските институции.
„Ние исчистивме толку многу со процесот на ветинг, а практично Уставниот суд не функционира. И сега тие од ЕУ велат, добро вие ги исчистивте судовите и обвинтелствата од корупција, но немате Уставен суд. Сметам дека доцнењето на комплетирањето на Уставниот суд не треба да биде проблем за почеток на преговорите“, додава Рама.
Тој посочи дека неговата земја „не очекува да станеме членка на ЕУ идната недела и ние тоа го знаме, туку бараме почеток на преговорите со кои за 10 години би станеле членка на ЕУ, а во тој перод нека нè оценуваат“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×