Range Rover го претстави целосно новиот Evoque!
Објавено на од во Автомобилизам

Новиот Evoque нуди стандардни 2.0-литарски дизел и бензински турбо-агрегати. Дизелот доаѓа во верзии со 150 и 240 КС, а бензинците со 240 и 300 КС спарено со 9-брзински ZF автоматски менувач.

rrevq20myreveal221118013_resized_20181123_043852730

На специјален настан во Лондон, Land Rover официјално ја претстави новата генерација на моделот на Range Rover – Evoque.

Дизајниран да асоцира на поголемиот и супер-луксузен Velar, градскиот премиум SUV Evoque,  постави нови стандарди во овој сегмент и покажа зошто е создаден за градските улици. Новиот Range Rover Evoque е еволуиран и дизајниран да ги задоволи сите потреби за возење на градските улици, но и возење до планински врвови.

Новиот Evoque пристигнува со подобра економичност, модифицирано потпирање, унапредено управување, подобра звучна изолација, поголем комфор, дигитална инструмент табла и уште голем број новитети. Поставувајќи нови стандарди за издржливост и способност, новиот Evoque нуди одличен спој на беспрекорен дизајн и луксузна технологија која е едноставна за ракување.

Новиот Evoque нуди стандардни 2.0-литарски дизел и бензински турбо-агрегати. Дизелот доаѓа во верзии со 150 и 240 КС, а бензинците со 240 и 300 КС спарено со 9-брзински ZF автоматски менувач.

Како надворешноста така и во внатрешноста, Evoque наликува на поголемиот брат, моделот Velar, а во внатрешноста тоа се акцентира со опционалниот двоен дисплеј на централната конзола. Тука се и целосно новата дигитална контролна табла, седиштата со 16 насоки за прилагодување и јонизаторот на кабината.

Новиот премиум градски SUV сега нуди повеќе место за нозете на патниците на задните седишта, a и капацитетот на багажникот има за 10% поголем волумен од претходниот модел. Во опремата на новиот Evoque се вклучени исто така, стандардна камера за задно гледање, адаптивен круз контрол со асистент на управувањето, систем за задржување на возилото на патот, систем за автономно активирање на сопирачките и многу други.

Со неговата уникатна coupé силуета, Range Rover Evoque е убедлив наследник Range Rover Velar, возилото што ги освои срцата насекаде во светот уште на прв поглед.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×