Раст на индустриското производство во првиот квартал од 8,8%
Објавено на од во Економија
Индустриското производство во март годинава бележи раст од 7,5% во однос на истиот месец лани, додека во периодот јануари – март 2019 година во однос на јануари – март 2018 е зголемено за 8,8%, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст од 10,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,8, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 4,6%.
kredit_281015_tw630Според Статистика, зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во секторите пијалаци, текстил, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производи од гума, пластични маси и други неметални минерални производи, метали, електрична опрема, машини и уреди, моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството бележи раст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,3 отсто и Капитални производи за 20,2 процента, додека опаѓање е евидентирано кај Енергија за 0,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 11,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%.
За 0,4 отсто зголемен бројот на работниците во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2019 година во однос на периодот јануари – март 2018 година е зголемен за 0,4%, но за 0,8% е намален бројот во март годинава во однос на март 2018.
Според Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија  бележи пад од 0,9 отсто, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,4, а во секторот Рударство и вадење на камен пораст од 0,4 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2% и Капитални производи за 9,3, додека опаѓање има кај Енергија за 0,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,6 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×