Стапката на раст на Бруто домашниот производ на Македонија (БДП) во третото тримесечје годинава изнесува 3%, соопшти Државниот завод за статистика.
Извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16,4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12,6 %.
Финалната потрошувачка на домаќинстватаво третото тримесечје од 2018 годинабележи номинален раст од 5%, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.5 %.
Гледано по сектори најголем раст бележи секторот уметност, забава, услужни дејности и дејности на домаќинства како работодавачи од 17%, трговијата на големо и мало бележи раст од 9,4%, а секторот стручни и технички дејности, административни услужни дејности бележи раст од 7,7%. Преработувачката индустрија има раст од 4,1%, рударството од 3,6% и финансиските дејности и осигурувањето од 2,3%.
Намалување, пак, се бележи во секторите земјоделие од 4,8%, градежништвото од 2,6%, јавна управа каде намалувањето е 1,8% и информации и комуникации со пад од 1,7% во третиот квартал.
Додадената вредност во третиот квартал бележи раст од 3%.
Растот на БДП во вториот квартал годинава изнесува 3%, додека растот во првиот квартал изнесуваше 0,9%. Растот во изминатата 2017 година изнесуваше само 0,2%.