Раст од 7,9% на индустриското производство во првите четири месеци
Објавено на од во Економија
Индустриското производство во април годинава порасна за 5,5% во однос на минатогодишниот април, а во првите четири месеци од годинава порастот изнесува 7,9% во споредба со истиот период од 2018 година.
pilanaИндустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април годинава во однос на истиот месец лани бележи пораст од 3,5%, во Преработувачка индустрија пораст од 4,5, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18,6%.
Соред податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во април во споредба со минатогодишниот април бележи пораст кај  Енергија за 20,6 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,7, Капитални производи за 2,4, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,6%. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×