Растат и приходите од продажби и добивките на фирмите
Објавено на од во Компании

3-4Како работеа котираните компании на Берзата во првиот квартал

Финансиските извештаи на најголемите 20 котирани компании на Македонската берза, покажуваат позитивни резултати од работењето во првиот квартал годинава, иако според движењето на бруто домашниот производ, статистички економијата стагнираше. Дури 16 од 20 анализирани компании прикажаа зголемување на приходите од продажба, а само кај четири е забележано благо намалување. Заедно, во првите три месеци од 2018 година инкасирале вкупно 372,9 милиони евра.
Вкупно 69,1 милиони евра е вкупната нето добивка на сите 101 компанија на задолжителна котација на Македонската берза. Од овој ќар 76% е на шест банки, од вкупно 8 колку што се на котација.

 

Приватните компании што котираат на Македонската берза во првите три месеци од годината работеле подобро отколку лани. Анализата на финансиските извештаи на вкупно 20 најголеми котирани фирми на Македонската берза покажа дека 16 од 20 од фирмите прикажаа зголемување на приходите од продажба, а само кај четири е забележано благо намалување. Позитивниот тренд кај овие компании кои заедно инкасирале вкупно 372,9 милијарди евра, е евидентиран во услови кога економијата статистички стагнираше, односно бруто домашниот производ (БДП) порасна само 0,1% споредено со првиот квартал од 2017 година. Меѓутоа, економската стагнација произлегува главно од еден сектор, и тоа градежништвото, односно запирањето на изградбата на автопатите од страна на државата поради техничка исправка на документацијата.

Најмногу приходи од продажба во првиот квартал годинава оствари компанијата ОКТА, со инкасирани 84,7 милиони евра. Во споредба со истиот период лани, ОКТА бележи зголемување на приходите од 2%.

Втора на листата најголеми компании според приходите остварени лани е повторно од нафтената индустрија, Макпетрол. Оваа компанија инкасирала вкупно 70,6 милиони евра од продажба на нафта и нафтени деривати, и тоа е 8% повеќе отколку во 2017 година. на Макпетрол за лани покажува профит од 4,9 милиони евра, но во споредба со годината претходно ова е за 20% послаб финансиски резултат.

Билансот на успех на Македонски Телеком ја рангираа оваа компанија трета на листата најголеми котирани компании на Берзата, со зголемување на приходите од продажба за 2%, на 40,7 милиони евра.

Алкалоид е четврта на листата со приходи од продажба од речиси 40 милиони евра и оваа компанија прикажа пораст на приходите од 5%.

Првите пет најголеми компании според приходите ги заокружува компанијата Арцелор Миттал ЦРМ. Од јануари до март годинава оваа компанија инкасирала 27,9 милиони евра од продажба, што е 2% повеќе отколку истиот период во 2017 година.

Компанијата Макстил од металската индустрија за три месеци годинава оствари приходи од продажба од 21,4 милиони евра, или 21% повеќе од 2017 година.

Финансискиот извештај на компанијата Пекабеско покажува дека од продажба се инкасирани вкупно 15,4 милиони евра што е 2% повеќе отколку првиот квартал во годината претходно. Меѓутоа, треба да се има предвид дека голем дел од приходите на оваа компанија доаѓаат од трговија на големо со тутунски производи, иако брендот доаѓа од месната индустрија.10 најголеми котирани

Компанијата Фершпед е следна на ранг листата, со приходи од 14,4 милиони евра или 16% повеќе на годишно ниво.

Цементарница Усје во првите три месеци инкасирала 10,1 милиони евра од продажба но споредено со минатата година, приходите на компанијата се намалени за 14%.

Факом, компанија во дејноста на повисока додадена вредност во металургијата, односно проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и производи, ги заокружува најголемите десет котирани компании според приходите остварени во првите три месеци со инкасирани вкупно 8,8 милиони евра, што е дури 75% зголемување на годишно ниво. Ова е и најголем остварен раст на приходите во овој период.

 

Минуси кај градежните компании

Очекувано, некои од најголемите котирани компании што во првиот квартал годинава работеле полошо отколку во 2017 година се од градежниот сектор. Запирањето на неколку крупни градежни проекти, како одлуката на новата Влада да ја прекине изградбата на дел од објектите од проектот Скопје 2014, но и забавувањето на изградбата на автопатите, всушност го издишаа градежниот меур којшто се дуваше претходните години, финансиран со народни пари.

Една од компаниите со намалени приходи од овој сектор е Гранит чијшто биланс на успех покажува намалување на приходите од 42%. Од јануари до март, оваа компанија остварила приходи од 7,7 милиони евра.

Намалување на приходите има и кај Бетон Штип. Финансискиот извештај на оваа компанија покажува дека градежните активности за трие месеци од почетокот на годината изнесувале околу 690 илјади евра што е намалување од дури 67% на годишно ниво.

Уште една компанија од овој сектор, која што произведува градежни материјали, Адинг, ги намали приходите од работењето за 2%. Од извештајот на компанијата може да се види дека приходите изнесуваат околу 1,1 милиони евра.

Единствено скопски Бетон, прикажа раст на приходите од 5% и во првите три месеци од градежните активности има инкасирано околу 4,2 милиони евра.

Во металопреработувачката индустрија кумановската компанија ФЗЦ 11 Октомври, од продажбите во првиот квартал инкасирала 6,8 милиони евра што е дури 56% повеќе на годишно ниво.

Компаниите од прехранбената индустрија исто така прикажаа намалување на приходите од продажби. Најголема меѓу нив, со приходи од продажба од 27,6 милиони евра е Витаминка од Прилеп. Приходите од продажба на Витаминка на исто ниво како и првите три месеци лани и изнесуваат 6,5 милиони евра. Компанијата која што исто така произведува кондиторски производи, Европа, продаде оствари приходи од 2,6 милиони евра што е за 1% помалку отколку лани.

Од производителите на пијалаци, Прилепска пиварница ги зголеми приходите од продажба за 21% и изнесуваат речиси 5 милиони евра.

Од фармацевтската индустрија, Реплек оствари приходи од 3,6 милиони евра и се за 11% поголеми од првиот квартал во 2017 година.
Вкупната нето добивка дуплирана

Вкупно 4,2 милијарди денари или 69,1 милиони евра изнесува нето добивката во првиот квартал годинава на сите 101 компанија што се на задолжителна котација, покажуваат извештаите што ги презентираше Македонска берза. Вкупната добивка на сите што имале позитивен резултат во првите три месеци е 4,65 милијарди денари, додека тие што имале загуба, сите заедно прокнижиле 394,8 милиони денари во минус. Нето добивката на сите 101 компанија е за цели 109,3% поголема во однос на истиот период лани. Од нив, 56 оствариле добивка, а 45 загуба.

Најголема добивка од сите котирани друштва има Стопанска банка АД Скопје, од една милијарда денари (16,2 милиони евра), што е за 57% повеќе од истиот период лани. Следат исто така друштва од банкарскиот сектор, НЛБ Банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје, со речиси идентични добивки во прв квартал, од 15,7 милиони евра и 69%, односно 2378% повеќе во однос на првиот квартал лани, респективно.

Меѓу 10-те најпрофитабилни друштва, има вкупно пет банки, а банкарскиот сектор е убедливо најпрофитабилен меѓу 101 котирани компании, со вкупна нето добивка од 3,2 милијарди денари, или 52,2 милиони евра, што е речиси 76% од целата нето добивка на сите 101 компании. Трите најголеми банки во државава, што се и трите најпрофитабилни котирани друштва, имаат заедно околу 48 милиони евра, или речиси 69% од целата нето добивка на сите котирани компании. Од банкарскиот сектор, има осум котирани друштва на Берза, од коишто шест имаат добивка, а две загуба.

Гледано секторски, после банкарството, најпрофитабилен е секторот услуги, со 380,9 милиони денари вкупна нето добивка, каде што има 10 компании со добивка и 10 со загуба. Најпрофитабилна компанија тука убедливо е Македонски телеком со 382,6 милиони денари (6,2 милиони евра).

Индустријата, од каде што има најмногу компании на задолжителна котација, 41, 20 од нив покажале добивка, а 21 загуба. Нето резултатот е позитивен, односно 366,5 милиони денари (без малку 6 милиони евра), што е речиси 3,5 пати подобар резултат од лани.

Најголема добивка кај индустриските компании има убедливо Мермерен комбинат Прилеп, од 281 милион денари (4,6 милиони евра).

Фармацијата, која што на берзанската котација учествува со две компании, покажува вкупна добивка од 280,5 милиони денари, поточно Алкалоид со 246,8 милиони денари (4 милиони евра) и Реплек со 33,7 милиони денари (548 илјади евра).

Вкупна нето загуба покажале секторите земјоделство (507 илјади евра), градежништво (292 илјади евра), угостителство (260 илјади евра) и трговија (14,3 илјади евра).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×