Растат вработувањата во државните претпријатија
Објавено на од во НАВИГАТОР
MEPSO nov trans. 3 WEBБројот на вработени во најголемите 50 државни претпријатија за шест години е зголемен за 1.781 работник односно за 8%, покажуваат податоците на Центарот за граѓански комуникации. Зголемување на вработените имало во 36 од 50 анализирани претпријатија.

 

navigator  898 tabela

Бројот на вработени во најголемите 50 државни претпријатија за шест години е зголемен за 1.781 работник односно за 8%, покажуваат податоците на Центарот за граѓански комуникации. Зголемување на вработените имало во 36 од 50 анализирани претпријатија. Нови вработувања не биле пречка ниту за оние државни претпријатија кои во своето работење оствариле загуба или пак се на листата на даночни должници што ја објави неодамна Управата за јавни приходи

Најголемите 50 државни претпријатија во земјава во 2016 година вкупно имаат 25.121 вработен, дополнителни 1.285 работници се со статус на привремено вработени,  а 562 луѓе се ангажирани со договор на дело.

Повеќе од половина од новите вработувања во јавните претпријатија се во АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), каде што во септември годинава работеле вкупно 4.907 луѓе, односно 1.104 повеќе отколку пред шест години. Во проценти, зголемувањето е 29%.

Второ на листата државни претпријатија каде што најмногу се вработувало е ЈП Комунална Хигиена Скопје каде што бројот на вработени се зголемил за 332, на 1.144 луѓе.

Трето на листата е ЈП за државни патишта кое што е основано на крајот на 2012 година, но всушност ги наследи имотот, средствата и вработените од Агенцијата за државни патишта. Податоците покажуваат дека во септември 2010 година во ова тело работеле 51 луѓе, додека пак во септември годинава, овој број достигнал 347, што е зголемување за 296 луѓе. Со тоа, ова јавно претпријатие е рекордер ако се споредува зголемувањето на бројот на вработувањата во релативен износ – речиси седум пати повеќе отколку во 2010 година.

Меѓу првите десет државни фирми во кои што најмногу се вработувало во последните шест години се и АД МЕПСО, каде што бројот на вработени се зголемил за 138 луѓе; ЈКП Комуналец Прилеп со 128 нови вработувања; ЈП паркинзи на општина Центар со дополнителни 98; ЈП Паркови и зеленило со плус 95 вработени, МРТ со уште 94 вработувања; ЈКП Дервен Велес со 74 нови вработувања и ЈП Исар Штип каде што за шест години се вработиле уште 58 луѓе.

Бројот на вработени најзначително се намалил, пак, во ЈП Македонија Пат, каде што во септември годинава работеле 828 луѓе, односно 665 помалку отколку во септември 2010 година. За 254 се намалил бројот на вработени во МЖ Инфраструктура; 157 вработени помалку во МЖ Транспрот, 44 вработени помалку во ЈП Комуналец Гостивар, 42 помалку во АД Градски трговски центар (ГТЦ) и намалување од 24 вработени во ЈП Водовод Куманово.

Вкупниот број на вработени во најголемите јавни претпријатија според приходите што ги остварија лани, ќе се зголеми доколку се додаде и бројот на привремено вработени кој што до септември годинава изнесува 1.285.

Во споредба со септември 2010 година, кога привремено вработени во 49 државни претпријатија биле 1.968 луѓе, бројот е намален, но најголем дел од нив се претпоставува дека се трансферирани во трајни вработувања откако во 2014 година се донесе Законот за трансформација во редовен работен однос, со кој што се предвиде државните институции и јавните претпријатија да им понудат редовен работен однос на неопределено време на волонтерите, хонорарците, ангажираните со договори на дело и вработените само на одреден период.

Овој број е најголем во Македонски Шуми, каде што до септември годинава имало 184 привремено вработени, и во споредба со 2010 година кога во ова јавно претпријатие имало само 4 привремено вработени, бројот е енормно зголемен. Во АД ЕЛЕМ има вкупно 153 привремено вработени; 118 во ЈПКД Комуналец Струмица; 117 во ЈП Комунална Хигиена Скопје; 97 во ЈП Паркови и зеленило.

Во првите десет државни претпријатија со најмногу привремени вработувања се и ЈКП Комуналец Прилеп со 82 луѓе; КЈП Водовод Кочани со 58 луѓе; Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) со 53 привремено вработени; 52 во ЈП за државни патишта и 46 во ЈП Водовод и Канализација Скопје.

Само 16 од анализираните државни фирми имаат нула привремено вработени.

Со договор на дело, пак, во 20 од овие 50 најголеми државни претпријатија се ангажирани вкупно 562 луѓе. Во 26 претпријатија нема ангажирано работници со договор на дело, а за четири државни фирми нема податоци.

Најмногу од вработените со договор на дело, односно 207 се во АД Македонска Пошта, што е речиси 10% од вкупниот број на редовно вработени; 92 договори на дело има во ЈП Чистота и зеленило Куманово што е третина од бројот на редовно вработени; 83 во ЈП Комуналец Гостивар каде што редовно се вработени 120 луѓе; 45 вработени со договор на дело во Македонски Шуми и 29 во АД ЕЛЕМ.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×