Расте бројот на туристи и годинава, но со многу помало темпо
Објавено на од во Економија
Бројот на туристи, и домашни и странски, продолжува да расте и годинава, но не е добра вест што овој раст забавува, односно во првите четири месеци е поголем за само 2,4%, на 232.530 туристи. Кај домашните туристи порастот е за 5,4%, на 78.464, додека кај странските само за 1%, на 154 илјади туристи. Колку за споредба, минатата година за истиот период, вкупниот број на туристи бил поголем за дури 18,7%, поточно, на домашните за 10,8%, а на странски туристи имало повеќе за цели 23% во однос на првите четири месеци во 2017 –та.

Главна фотка туризам

40tМакедонија лани, во 2018 година, ја надмина бројката од еден милион туристи – домашни и странски – првпат после 1990 година, што е извонредна вест. Бројот од 1,127 милиони туристи беше поголем за 12,8% во однос на годината претходно. Следствено на ова, извонредна вест за македонските туристички работници, сите поврзани дејности со туризмот и целата домашна економија е и тоа што минатата година беше забележан рекорден девизен прилив од туризмот, или без малку 382 милиони долари, според Државниот завод за статистика – ДЗС и Народната банка, што беше пораст од 16,7% во однос на 2017 година.
Бројот на туристи, и домашни и странски, продолжува да расте и годинава, но не е добра вест што овој раст забавува, односно во првите четири месеци е поголем за само 2,4%, на 232.530 туристи. Кај домашните туристи порастот е за 5,4%, на 78.464, додека кај странските само за 1%, на 154 илјади туристи. Колку за споредба, минатата година за истиот период, вкупниот број на туристи бил поголем за дури 18,7%, поточно, на домашните за 10,8%, а на странски туристи имало повеќе за цели 23% во однос на првите четири месеци во 2017 –та. Во почетокот на 2017, исто така порастот на туристите бил значително поголем одошто годинава – 9,4% кај домашните и 11,4% кај странските туристи, 2016 година 17,9% со 12,5% респективно, итн.
Сопственик и менаџер на еден хотел од Скопје вели дека и не мора да ги погледне официјалните бројки на државната статистика за да заклучи дека годинава не е на нивото од претходните 2-3 кога станува збор за бројот на гости.
Tabeli za Tema turizam - nova-1„Статистиката вели минимален раст на ноќевањата на странските туристи, јас ќе ви кажам, дека барем кај мене, има пад во првите четири месеци. Ние сме хотел што го посетуваат претежно гости дојдени од деловни причини во земјава, па со оглед на тоа што бевме преокупирани со претседателски избори, кога деловната активност буквално замира, затоа и немаше многу гости од странство. Но, намалување чувствуваме и кај организираните групи, на пример од Турција, земја од каде што изминативе години имавме голем пораст на бројот на гостите“, вели нашиот соговорник којшто инсистираше да остане анонимен.
Тој додава дека веројатно главната причина за падот на бројот на гости од Турција е влошувањето на економската состојба во оваа земја изминатиов период, девалвирањето на нивната национална валута и ослабувањето на куповната моќ на Турците.
Инаку, според податоците од ДЗС, бројот на гости од Турција во првите четири месеци годинава е помал за 15,5% во однос на истиот период лани, или за 3.368. Турција е инаку, земјата од каде што доаѓаат најмногу туристи во Македонија, односно минатата година дошле вкупно 111,7 илјади туристи или 15,7% од вкупниот број на туристи што ја посетуваат Северна Македонија.
Од земјите од коишто доаѓаа позначителен број на туристи, пад на бројот на гости во првите четири месеци се забележува и од Албанија, од 10%, односно околу 1000 туристи помалку; од Велика Британија дошле за околу 350 туристи помалку или 11,7%; од Германија за исто толку, или за 4,5% помалку; од Русија дошле за 15,1% помалку туристи, од Украина за 22,5%, од Шведска за 23%, итн. Голем пад има во бројот на туристи од Јапонија, коишто од јануари до април минатата година дошле во бројка од 1.465, а годинава само 637, или за 56% помалку. Затоа пак, се зголемил бројот на туристи од Кина, од каде што пристигнале 2.036 туристи во првите четири месеци, или за 3,4% повеќе.
Значителен пораст има на бројот на гости од Холандија, 20%, на речиси 2.000 во првите четири месеци; од Чешка дошле 1.142 туристи, или за 31% повеќе; од Израел 1.586 туристи (+28,3%), додека од останатите азиски земји покрај Јапонија, Кина и Јужна Кореја, Северна Македонија ја посетиле вкупно 5.467 туристи, или за 6,2% повеќе од истиот период лани.
Од соседните земји трендот на гости одлично почнал да се движи годинава, односно од Бугарија во првите четири месеци се дојдени 16.800 гости, што е за 15% повеќе од лани; од Грција имало 17.414 посетители, или за дури 28,3% повеќе; од Косово 11.000 гости, или за 4,55% повеќе, додека од Србија дошле за 3% помалку туристи, или вкупно 12.500 во првите четири месеци.
Ohrid

Главен „виновник“ за стагнацијата кај странските туристи е помалиот број на гости од Турција во првите четири месеци, од 15,5%, земја од којашто доаѓаат најмногу туристи во С. Македонија, или без малку 16% од сите туристи лани. Помалку туристи дошле и од Албанија, В.Британија, Германија, Шведска, додека соседните земји Грција (+ 28,3%) и Бугарија (+15%) се предводници според динамиката на пораст на свои граѓани што ја посетиле земјава.

Фалат хотели
40 bИзвршната директорка на Стопанската комора за туризам на Македонија, Биљана Пејоска – Ристеска, вели дека бројките од статистиката за првите четири месеци не се воопшто охрабрувачки и според неа се должат на повеќе фактори.
„Помалиот раст, да не кажам стагнацијата во бројот на туристи во земјава е пред сè резултат на недоволно високото место на коешто е поставен туризмот како економска гранка. Ако сакаме да направиме од туризмот бизнис којшто ќе ѝ носи многу поголем девизен прилив на државава од моменталните речиси 400 милиони долари годишно, ние мораме да изградиме ефикасен туристички сектор и да ги јакнеме и поврземе институциите кои се неопходни за развој на туризмот. Јакнење на човечките потенцијали и техничка помош за развој на туризмот, регулативи за контрола и анализа на лиценците за работа во туризмот, стимулација и промоција на јавното приватно партнерство… Oва се само дел од мерките што мора да ги преземеме како држава“, вели Пејоска – Ристеска.
Соговорниците од туристичката фела велат и дека зголемувањето на бројот на туристи во земјава не може да оди со истото темпо секоја година, затоа што секторот и не располага со доволен број на капацитети за да ги смести сите гости. Како што ни изјави Аркан Керим, сопствени и менаџер на агенцијата Генералтурист, Иако изминативе години се изградија повеќе нови хотели во Скопје и другите места, сепак фалат хотели, најмногу на охридското крајбрежје.
„ Она што многу недостига во Македонија се спа центри, иако на повеќе локации во земјата има термални води. Околу некои од овие локации има неколку бањи, уште од времето на социјализмот, некои приватизирани и модернизирани, но тоа е безначајно во споредба со потенцијалот што постои за модерен спа туризам.“, вели Керим.
Оваа негова констатација околу недоволниот број на легла во државава ја поткрепува и официјалната статистика, според којашто за 10 години, од 2008 до 2018 година, бројот на странски туристи во С. Македонија се зголемил од 255 илјади на 707 илјади, или за 180%, додека истовремено вкупниот број на легла во сместувачките капацитети пораснал за едвај 10,7%, од 69 илјади на 76.500. Иако бројот на леглата во хотелските капацитети за 10 години е двојно зголемен, од 10.364 на 21.530, сепак тие се само 28% од вкупниот број на легла и според нашите соговорници сè уште недоволно за да го апсорбираат квантумот на гости што би дошол во земјава ако продолжи темпото на раст на посети од претходниве неколку години. Истовремено, бројот на легла во категоријата “куќи, станови за одмор и соби за издавање“ пораснале од 25119 во 2008 на 26.780 во 2018, или за само 6,6%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×