Расте девизниот прилив од туризмот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар е се поголема, а тоа директно се рефлектира врз учеството на туристичката индустрија во бруто домашниот производ на државата, соопшти денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
turistiТретиот квартал во 2018 година остварил 147,08 милиони американски долари или покачување на девизниот прилив за 8,8% од претходната година. Четвртиот и последен квартал го следи трендот на раст и бележи 14,2 отсто поголем девизен прилив за разлика од четвртиот квартал во 2017 година.
„Девизниот прилив во 2018 година по основ на туризам, бележи раст од 16,7% во споредба со 2017 година. Првите два квартали од 2018 година споредбено со истиот период претходната година бележат раст на девизниот прилив од повеќе од 20%, односно, за 26,49% девизниот прилив по основ туризам е повисок во првиот квартал на 2018 година споредбено со минатата, а вториот квартал бележи дури и поголем раст – 27,45% за истиот период“, наведува Агенцијата.
Континуитетот во зголемувањето на девизниот прилив од посети на странски туристи се должи на мерките и активностите што се преземаат од страна на целиот туристички сектор во земјава. Oчекувањата на Агенцијата за туризам за 2019 година се посета на нашата земја од 1,3 милиони туристи, кои ќе остварат четирти милиони ноќевања и девизен прилив од 420 милиони американски долари.
Како што стои во соопштението на Агенцијата за туризам, овие позитивни статистики се резултат на нејзината континуирана работа,а а се однесуваат на зголемената промоција и поддршката која ја дава институцијата за реализација на проекти значајни за развој на нови туристички содржини. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија водејќи се од својата заложба за континуиран развој, унапредување и афирмација на туризмот, а имајќи ги предвид предностите и економската корист од развојот на оваа стопанска гранка, инвестира и работи на реализација на програмски активности, со цел да се овозможи подобра и поефикасна туристичка понуда.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×