Расте добивката на Стопанска банка – Скопје: 21 милион евра во првите шест месеци
Објавено на од во Компании
Нето приходите од камати се зголемени  за 3,75% на 29,8 милиони евра, додека од провизии и надоместоци за 3,9% на 7,8 милиони евра.
Stopanska banka

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во првите шест месеци од 2017 г.  Стопанска Банка АД Скопје (СБ во понатамошниот текст)  има  нето добивка пред оданочување во износ од 1,3 милијарди денари (околу 21,1 милиони евра) , што е за 7,6% повеќе споредено со истиот период од минатата година, покажува билансот на успех.  Приходите од камати изнесуваат 2,22 милијарди денари, за 0,6% помалку  во однос на првата половина од 2016 година, пред се’ како резултат на сe’ уште надолниот тренд на движење на каматните стапки,објаснуваат од СБ.  Расходите за камати исто така забележаа пад за 79.35 милиони денари, поради погоре наведените причини, додека нето приходите од  оваа дејност се поголеми за 3,75% на 1,83 милијарди денари (29,8 милиони евра).

Од провизии и надомести СБ има пораст на нето приходите од скоро 4% на 477,2 милиони денари (7,8 милиони евра),  како резултат на порастот на приходите од провизии за 3% и истовремено намалување на расходите за провизии за 5,8%.

Останатите приходи од дејноста забележаа пораст 40,5 милиони денари, додека останатите расходи од дејноста забележаа пад за 2% и истите изнесуваа 497 милиони денари. Во првата половина на 2017 година СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства во износ од 301, 8 милиони  денари, што е повеќе за 13,6% во однос на истиот период од минатата година.

Загубата поради оштетување на нефинансиски средства изнесува 17.9 милиони денари, што претставува намалување во однос на истиот период од 2016 година, пред се’ како резултат на намалениот износ на нефинансиски средства. Трошоците за вработените останаа релативно непроменети и истите изнесуваат 384.5 милиони денари. Како резултат на наведените параметри, заработката по акција за првата половина од 2017 година изнесува 74,96 денари, поголема за 7,6% во однос на 2016 година, истиот период. Покрај редовната исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции, СБ на 30.06.2017 година исплати дивиденда на имателите на обични акции во бруто износ од 127 денари  по акција. Кредитните активности на Банката не забележаа позначителни промени во однос на споредбениот период од минатата година, додека депозитите на други комитенти забележаа пораст од 724.25 милиони денари, или 1,06%, што според СБ е показател за довербата на клиентите и атрактивноста на депозитните производи кои ги нуди на пазарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×