Расте надворешниот промет на Македонија со услуги
Објавено на од во Економија

Izvoz 912 WEBПоловина од извозот на услуги е за лон доработки;  со транспортот сме во плус, со градежништвото во минус

Извозот на услуги во 2016 е поголем за 5,5% од 2015, а увозот за 1,85%. За пет години извозот на услуги пораснал за 35%, а увозот за 38,2%, а за една деценија пак, овој пораст е околу 100%. Размената на услуги ја следи трговијата со стоки, која што драстично порасна заради производството во фабриките на странските инвеститори во Бунарџик и другите индустриски зони. Речиси 50% од вкупната вредност на услугите – извоз и увоз – отпаѓа на категоријата Производни услуги за доработката на стоки во туѓа сопственост – или познато како лон производство.

 

Izvoz 912 WEB grafikРасте извозот на услуги од Македонија последниве пет години, но расте и увозот, покажува статистиката на платниот биланс на земјата што ја води Народната банка – НБРМ. Минатата, 2016 година, извозот на услуги изнесувал 1,45 милијарди евра, што е за 5,5% повеќе во однос на 2015-та, додека увозот пораснал за 1,85% на 1,047 милијарди евра. Оттаму, нето позицијата на услугите трпи промена од 342 на 399 милиони евра, или 16,6%  повеќе за една година. Во однос на 2012 година на пример, извозот на услуги е пораснат за 35,5%, увозот пораснал за 38,2%, додека во нето износ се бележи пораст за речиси 29% или безмалку 90 милиони евра.

Најголемо учество во размената на услуги со странство зазема категоријата Доработка на стоки во туѓа сопственост, која што во 2016 г. во вкупниот извоз на услуги учествува со безмалку половина или 46,8%, додека во увозот со 39,6%. На извозната страна овие услуги лани имале вредност од 994,9 милиони евра, а увоз од 679,6 милиони евра, што значи билансот е 315,3 милиони евра. Ова значи дека во Македонија влегле полупроизводи (облека, автомобилски делови, итн.) во вредност од речиси 680 милиони евра, и излегле како извоз со поголем степен на обработка вреден безмалку една милијарди евра.

Извозот на вакви услуги, односно производи што се доработуваат во земјава лани бил за 4,7% помал во вредност во однос на 2015, додека увозот паднал за 3,7%. Нето билансот на крај е помал во вредноста за 6,9%.

Izvoz 912 WEB tabela 01Странските инвестиции ја сменија структурата и вредноста на лон производството

Она што се забележува од статистиката на платниот биланс на НБРМ е значителниот  пораст на вредноста на услугите во изминативе десет години. Така, ако во 2006 година вкупниот извоз на услуги изнесувал 602 милиони евра, а увозот 450 милиони, во 2016-та извозот е 2,4 пати поголем, а увозот пораснал за 2,33 пати. Растот се забележува кај сите категории, иако предничат веќе споменатите доработки на стоки во туѓа сопственост, кои што пред 10 години изнесувале 504 милиони евра извоз и 367.3 милиони евра увоз, додека лани се речиси двојно повеќе, и кај двете ставки.

Она што истакнуваат нашите соговорници на темава, познавачи на надворешно -трговските прилики на Македонија, е дека отворањето на неколкуте фабрики на странските инвеститори во слободните економски зони е клучниот фактор за ова зголемување на вредноста на извозот и увозот на услуги за доработка на стоки.

Ако порано оваа доработка, или т.н. лон производство се однесуваше претежно за текстилната индустрија (доработка на лесна или тешка конфекција во домашните текстилни фабрики и повторно излегување на готовата облека од Македонија, н.з.), сега на доработка доаѓаат полупроизводи од хемиската, индустријата за автомобилски делови, итн., кои што, исто така, се доработуваат во земјава и потоа излегуваат како извоз со поголема додадена вредност. Ова се поткрепува и со официјалната државна статистика за надворешната трговија, каде што за 2016 година, вкупниот извоз од Македонија е 4,33 милијарди евра, при што извоз на лон производство е 992,4 милиони евра ( токму 994,9 милиони евра е вредноста на извозот на услуги во категоријата доработка на стоки во туѓа сопственост, н.з.). Притоа, во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите за проводници за палење и сл. за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Увозот пак лани бил 6,1 милијарди евра, од кои што лон во вредност од 682,5 милиони евра (679,6 милиони евра се услугите за доработка на производи што ги бележи НБРМ, на увозната страна, н.з.). Во вкупниот увоз  доминираат платината и нејзините легури, нафтени масла, други метали, итн.

Izvoz 912 WEB tabela 02Најголем дефицит во билансот на услугите за користење интелектуална сопственост

Зголемувањето на надворешната трговија на стоки, следено од порастот на вредноста на услуги во лон производството, ја следи и зголемувањето на транспортните услуги, финансиските и други деловни услуги, а пораст во платниот биланс на државата бележат и  ставките за градежни услуги, туристички услуги, телекомуникациски услуги, итн.

Со таа разлика што, во категориите услуги за доработка на стоки, телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги, транспорт, лични, културни и рекреативни услуги, како и категоријата други деловни услуги, земјата бележи суфицит во платниот биланс, при што најголем е во првоспоменатата категорија, 315,3 милион евра, а најмал кај лични, културни и рекреативни услуги, 5,6 милиони евра. Додека, пак најголем дефицит  Македонија има во категоријата услуги означена како надомест за користење на интелектуална сопственост, 53,3 милиони евра, потоа во градежништвото речиси 40 милиони евра, во финансиските услуги 30,3 милион евра и во ставката владини услуги 16,7 милиони евра, осигурителни и пензиски услуги 5,1 милиони евра и на крајот, за услуги поправки и одржување дефицитот е 4,5 милиони евра.
Карактеристично е што изминативе неколку години расте извозот, но и увозот на градежни услуги, со тоа што увозот расте со поголема динамика, па се продлабочува и дефицитот во оваа категорија. Објаснувањето е со поголемите ангажмани на странска градежна оператива на изградбата на патишта во Македонија, финансирани од странски кредитни линии. Во делот пак, на транспортните услуги, последниве пет години се забележува пораст на нето вредноста на билансот, односно од негативен (-30,8 милиони евра) во 2012 година, стигнал до речиси 52 милиони евра во 2016-та. Ова, повторно се должи на зголемената ангажираност на домашните превозници при увозот и извозот на суровини и готови производи од странските директни инвестиции.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×