Растечките плати во Централна и Источна Европа го уриваат моделот за економски раст на регионот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Evtina rabotna WEB 913Централна и Источна одамна се сметаат за релативно евтино место за производство дури и на сложени производи како автомобили и електронски производи по далеку пониска цена, отколку кога тие би се произведувале на Запад. Но, растот на платите во изминативе години се заканува да ги намали профитните маржи на големите фабрики кои секогаш се во потрага во евтина работна рака која им гарантира поголеми профити.

 

Централна и Источна одамна се сметаат за релативно евтино место за производство дури и на сложени производи како автомобили и електронски производи по доста пониска цена , отколку кога тие би се произведувале на Запад.
Но, растот на платите во изминативе години може да го промени тоа, пишува Bloomberg.
Просечните номинални плати во Унгарија во февруари се зголемени за 10,7% за само една година, што е највисок раст во последните девет години. Платите во Полска пак за изминатата година биле зголемени за 5,2%. Овие тенденции се присутни и во целиот регион на Централна и Источна Европа.

И покрај тоа што економиите на поранешните комунистички земји членки на Европската унија растат побрзо од економиите на еврозоната, а невработеноста во многу земји достигнува рекордно ниски ниво, од година во година нивото на платите го достигнува тоа од западните земји.

Но, сега барањата и трендовите за повисоки плати претставуваат закани на моделот на економски раст во регионот, базиран на евтина работна рака, кое беше клучно за привлекување на странски капитал, вклучително и фабрики управување од светски познатите производители на автомобили како Volkswagen и Kia Motors, како и други индустриски гиганти како General Electric.

Evtina rabotna sila frejm 913

“Растот на платите во регионот започнува да забрзува поттикнат oд комбинацијата на недостиг на работна сила и државните политики”, смета Вилијам Џексон, економист во Capital Economics во Лондон.
“Клучниот момент е што растот на реалните плати го надминува растот на производството. Резултат од тоа е што зголемувањето на платите ќе започне да ги намалува профитните маржи на компаниите”, смета Џексон.
Властите во регионот исто така ги поддржуваат барањата за повисоки плати, често таргетирајќи ги мултинационалните корпорации.
Една од клучните теми во предизборната кампања на сегашниот чешки премиер Бохуслав Саботка од социјалдемократската партија, беше дека ќе стави крај на евтината работна рака. Неговиот словачки колега Роберто Фицо се почесто јавно поставува прашања зошто работник во фабриката на Volkswagen во Словачка зема само една третина од платата што ја зема неговиот германски колега за истата работа.

Зголемувањето на платите можеби нема веднаш да стане закана за конкурентната способност на регионот, но развојот на настаните оди во тој правец.

“Регионот се уште изгледа конкурентен. Но, ако нештата продолжат да се движат во истиот правец, тоа во крајна линија може да доведе до натрупување на дисбаланси и можеби до коригирање на вредноста на валутите”, смета Џексон.


BN-JE434_070 913  WEBТекстилните гиганти за евтина работна сила се селат во Етиопија, Камбоџа и Мјанмар

Уште еден интересен тренд кој се случува во потрагата на големите мултинационални по евтина работна сила е селењето на големите текстилни фабрики кон Етиопија, Камбоџа и Мјанмар.

Државите како Индија, Шри Ланка или Бангладеш  веќе со години важат како Елдорадо за светската текстилна индустрија. Но, во потрага по уште поголеми профити оваа индустрија открива уште поевтина работна сила во Етиопија, Камбоџа и Мјанмар.

Кинезите и Турција веќе имаат свој погони во овие земји. Месечната плата на квалификуван текстилен работник во овие земји изнесува 50 евра плус еден бесплатен оброк на ден, што е уште помалку од платите во досегашните фабрики за евтини текстилни работници во Бангладеш или Индија.

Етиопија има над 100 милиони жители и спаѓа меѓу најсиромашните земји во светот. Владата во Адис Абеба затоа прави се за да привлече повеќе странски инвеститори со цел бројот на вработени во текстилниот сектор од сегашните 50 илјади ќе се зголеми на 350 илјади во следните четири години. Етиопија нема излез на море, но затоа може да се пофали со релативна политичка стабилност. Производите преку пристаништето од соседната земја Џибути се извезуваат низ целиот свет и се продаваат во ланците како H&M и многу друг познати и евтини марки на облека.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×