Растот на акциите е многу поголем од растот на бизнисите
Објавено на од во МАГАЗИН

American football ball on backgroundПазари на капитал

 „Оцените, особено на технолошките акции и акциите поврзани со он-лајн економијата, остануваат високи. Ситуацијата продолжува да потсетува на 1999 и 2000 година пред да пукне dot-com меурот. Централните банки се свесни дека парите се прелеваат на пазарите, а последното соопштение на ФЕД укажува дека поддршката ќе продолжи и понатаму, не се знае до кога. Инвеститорите се чини дека немаат алтернатива поради ниските каматни стапки. Бизнисот на технолошките компании е добар, стапките на раст се високи, но сепак јазот помеѓу растот на бизнисот и растот на цените на акциите е (пре) голем, а причините се бараат во веќе споменатата релаксирана политика на централните банки и ниските каматни стапки.“, сметаат аналитичарите на Генерали Инвестментс.

 

Првата недела од септември не донесе значителни промени во трендовите, велат во својот неделен извештај аналитичарите на инвестициската куќа Генерали Инвестментс.
„Пандемијата се смири во САД и Јужна Америка, бројот на заразени во Европа достигнува рекордни бројки, но смртноста и хоспитализациите се значително пониски отколку оние во пролетта. Факт е дека денес подобро го познаваме вирусот и имаме подобар одговор, но останува прашањето што ќе донесат доцната есен и зима кога ќе дојде периодот на настинка и грип.“, велат од Генерали.
Според нив, земјите се надеваат дека обемот на ограничувања и карантини ќе биде помал отколку во пролетта, но неизвесноста во некои сегменти на економијата особено во услужниот сектор е значителна и предвидувањата за економската активност се прилично неверодостојни. Туризмот, авио – превозот и сродните услуги продолжуваат да се намалуваат (падот на патниците кај еден од најголемите европски оператори на аеродроми Фрапорт е околу 80% во споредба со истиот период минатата година, а падот на товарниот транспорт е само неколку проценти).

Економската активност во вториот квартал се очекуваше да биде слаба и падот е еден од најдлабоките од Втората светска војна наваму, но ситуацијата се подобри во текот на летото во форма на буквата „V“ што од друга страна носи оптимизам во економијата и пазарите.

„Потешкиот дел е пред нас, треба да се одржи позитивниот економски раст, па централните банки продолжуваат да делуваат многу стимулативно. Каматните стапки ќе останат многу ниски уште долго време (се зборува за пет години или повеќе), но во исто време ФЕД би ја таргетирале инфлацијата над 2%, бидејќи претпочита просечна инфлацијата од 2% на долг рок, а инфлацијата е под 2% скоро една деценија. Најновите податоци за инфлацијата не упатуваат кон посакуваната стапка на инфлација во рамки на долгорочните цели на ФЕД. Единствената ‘инфлација’ што ја гледаме во моментов е во различни видови на средства, особено во технолошките акции во последните неколку недели.“, сметаат портфолио менаџерите од Генерали.

Za vnatre2p

Некои трендови како што е купување преку интернет или работа од дома, полека стануваат реалност и инвеститорите се прилагодуваат на променетата состојба. Високите процени на пазарите и особено на акциите од технолошкиот сектор покажуваат дека корекцијата може да продолжи, па затоа треба да постои претпазливост.

„Ладење“ на акциите на технолошките гиганти

Негативната реторика меѓу САД и Кина минатата недела малку се намали, но се ближи денот кога САД ќе го заостри пристапот на некои кинески компании до високо-технолошки производи од западните компании, што ќе донесе немир на пазарите. Оставката на јапонскиот премиер од здравствени причини не донесе значителни промени, бидејќи се очекува продолжување на релативно стабилната јапонска економска политика. Солидната позиција на европската економија и застојот на политичката сцена ја зајакнуваат позицијата на еврото во однос на доларот, што ја загрижува ЕЦБ, но преговорите за Брегзит кои се во застој веројатно ќе го задушат растот на еврото во однос на доларот.
Пазарите брзо претрпеа корекција по неколку недели на биков тренд на крајот на минатата недела. Најмногу го почувствуваа најбрзорастечките акции од технолошкиот сектор, а особено акциите каде што процените станаа „бајковити“. „Епл“ и „Тесла“ забележаа пораст на цените веднаш по поделбата на акциите, но американската поговорка „купувај според гласини, продавај според вести“ се покажа како вистинита. Вклучувањето на акциите на Тесла во главниот индекс на берзи во САД S&P исто така помогна да се направи посилна корекција.
Ситуацијата потсетува на dot-com меурот?
Оцените, особено на технолошките акции и акциите поврзани со он-лајн економијата, остануваат високи. Ситуацијата продолжува да потсетува на 1999 и 2000 година пред да пукне dot-com меурот. Централните банки се свесни дека парите се прелеваат на пазарите, а последното соопштение на ФЕД укажува дека поддршката ќе продолжи и во неодредена иднина. Инвеститорите се чини дека немаат алтернатива поради ниските каматни стапки. Бизнисот на технолошките компании е добар, стапките на раст се високи, но сепак јазот помеѓу растот на бизнисот и растот на цените е (пре) голем, а причините се бараат во веќе споменатата релаксирана политика на централните банки и ниските каматни стапки.
Во последниве недели растот запре во индустриите кои растеа за време на короната како што се здравството и основната потрошувачка, бидејќи се очекува овие две индустрии да ја нормализираат состојбата односно да имаат побавен раст следната година. Од друга страна имаме компании од најпогодените индустрии (туризам, авио – превоз, автомобилизам итн.) каде што расте нестабилноста и цените се прилагодуваат секојдневно на информациите за вакцини или на поголем скок на инфекции во даден регион и пораките од компании за нивните очекувања.

Неизвесноста е значителна и се зголемува со доаѓањето на есен / зима во повеќето развиени економии, што ја намалува веродостојноста на предвидувањата на компаниите во овие индустрии. Некои трендови како што е купување преку интернет или работа од дома, полека стануваат реалност и инвеститорите се прилагодуваат на променетата состојба. Високите процени на пазарите и особено на акциите од технолошкиот сектор покажуваат дека корекцијата може да продолжи, па затоа треба да постои претпазливост.

 


Фото рамкаСовети за инвеститорите

Тие што ќарија многу на технолошките компании, нека префрлат дел од профитот во други акции

За инвеститорите кои се натпросечно изложени на технологија се препорачува да размислат да реализираат дел од својот профит и да го реструктурираат портфолиото. Последната корекција која траеше неколку дена го избриша растот од последните недела или две, а приносот на овие акции сè уште е многу над просекот од почетокот на годината, велат аналитичарите на Генерали Инвестментс.
Ги задржуваме препораките што ги повторуваме со недели, велат од Генерали Инвестментс. Одредени индустрии и акции тие ги сметаат за многу скапи, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива.
„Сепак не е време за екстремности во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка  како за обврзниците така и за акциите продолжува и покрај корекцијата, го принудува растот пред се на цените на технолошките акции, но намалувањето или повлекувањето на поддршката може брзо да донесе силна корекција. Трендот на раст на пазарите може да продолжи иако состојбата на светската економија останува релативно слаба и покрај подобрите податоци,  иднината е нејасна особено во есенско – зимскиот период, а политичката несигурност расте особено пред изборите во САД и тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, а со поголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Тука главно се вклучуваат акциите од здравствената индустрија, потрошувачка и нега, како и технологија, но делови од оваа индустрија се скапи и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Бидете повнимателни со акциите од технолошкиот сектор.“, e препораката на аналитичарите од Генерали.
За инвеститорите кои се натпросечно изложени на технологија се препорачува да размислат да реализираат дел од својот профит и да го реструктурираат портфолиото. Последната корекција која траеше неколку дена го избриша растот од последните недела или две, а приносот на овие акции сè уште е многу над просекот од почетокот на годината.
„Пазарите остануваат непредвидливи и очекуваме да расте нестабилноста во наредниот период. Диверзификацијата на портфолиото е неопходна за да се намали ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични уплати, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. Бидејќи цените на некои акции нагло се зголемија во последните месеци и се’ уште се високи и покрај последната корекција, добивките на хартија се големи, можниот посилен пресврт на трендот може да донесе до брза и длабока корекција.“

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×