Растот на БДП за Анѓушев очекуван, се заснова на реалните бројки во економијата
Објавено на од во Економија
Растот на БДП во првиот квартал од годинава што денеска го објави Државниот завод за статистика, според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев се темели на реалните состојби во економската сфера.
Koco-Angjusev-vo-Parlament-2-bg_resize„Очекувам раст на БДП, очекувам и натамошен пад на невработеноста. Тоа го засновам врз основа на реалните бројки што ги гледам во економијата, а тоа е зголемување на извозот, раст на инвестициите, намалување на невработеноста… – компоненти што во една логичка целина, како што е економијата се поврзани едно со друго и укажуваат дека ние создаваме економски раст така како што го најавивме за годинава, но врз остнова на реална економија, а не врз основа на виртуелни пи – ар проекции“, изјави Анѓушев одговорајќи на новинарски прашања пред Државниот завод за статистика да ги објави податоците за раст на БДП од 4,1%.
Само таквата економија, вели, е одржлива на долг рок.
„Јас како човек што доаѓа од реалната економија ќе се залагам за економија на добри основи и одржлива на долг рок затоа што сите ние сме менливи и минливи на нашите функции, а само економија на здрави основи е нешто што и треба на нашата држава“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×