Растот на бројот на вработени и на платите треба да го почувствуваат и пензионерите, смета Анѓушев
Објавено на од во Економија
Порастот на просечните плати од 10% во текот на овие две години и вработувањето на 54.000 луѓе за две години треба да го почувствуваат и пензинерите и сите во администрацијата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
plataСпоред него, токму порастот на просечните плати и зголемувањето на бројот на вработени во изминатите две години е причина за најавеното покачување на пензиите и за зголемувањето на платите за пет отсто во јавниот сектор, почнувајќи со септемвриската плата.
„Факт е дека во државата се вработија 54 илјади луѓе за две години, а факт е и дека нето платите во текот на две години пораснаа за 10 отсто. Тоа е практично извор на средства, бидејќи сите тие 10 отсто плус плати просечни тие даваат плус 10 отсто средства во Пензискиот фонд. Исто така, овие 54 илјади нововработени со своите придонеси даваат плус средства во фондот. Цениме дека и пензионерите треба да го почувствуваат тој благодат од тоа што се случува во општеството. Се разбира, дека тој сооднос треба да го почувствуваат и пензионерите и сите останати во администрацијата за кои се обидуваме и нивните плати да ги направиме подостојни“, рече Анѓушев воодговор на прашање пред почетокот на свеченоста за одбележувањето на патронот празник на средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ и пуштањето во употреба на фотоволтаична електрана во училиштето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×