Растот продолжува, но има многу неосвоен простор кај незадолжителните неживотни осигурувања
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Osiguruvanje slika 942 WEBТрендови во осигурувањето  во Македонија

Животното осигурување и задолжителното од автоодговорност го влечат растот на целиот осигурителен пазар, но кај останатите има стагнација или мал пад. Од осигурителните компании велат дека тоа не е за комплетна пофалба и дека потребна е едукација и развивање на свесноста кај населението, но и промена на пристапот кон клиентите од страна на компаниите.

 

Пазарот на осигурителни услуги продолжува со растот и оваа година, односно бруто полисираната премија во првите шест месеци од 2017 е поголема за 3,14% во однос на истиот период лани, и изнесува 4,63 милијарди денари (околу 75 милиони евра), според најновите податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето – АСО.

Според анализите на АСО, сегментот на неживотно осигурување бележи пораст од 1,25%, на 3,98 милијарди денари, додека животното осигурување продолжува со двоцифрените стапки на раст и оваа година, односно на крајот од вториот квартал вкупно уплатените премии за овој вид осигурување се во износ од 650 милиони денари, или пораст од 16,6%.

Се очекува животното осигурување да добие уште посилна динамика на развојот со влегувањето на уште еден играч на пазарот, а тоа е Триглав Осигурување, од каде што засега не даваат детали околу нивните планови и понуда додека не помине официјалната промоција на новата компанија во рамките на оваа групација, која ќе се занимава исклучиво со овој тип осигурување, како што налага законската регулатива.

Frejm tema 01 942 WEB 03

Расте автомобилското осигурување, паѓа имотното

Иако генерално осигурителниот пазар расте, од компаниите не се задоволни од темпото на развој на оваа индустрија, која има сè уште голем потенцијал, особено во делот на незадолжителните неживотни осигурувања, како имотното, здравственото, итн.

“Иако според последните податоци осигурителниот пазар бележи минимален раст, сè уште не се работи за креирање на нов бизнис односно поголема пенетрација на осигурувањето во целокупната економија. Кога зборуваме за неживотното осигурување, растот се должи пред сè на растот во задолжителните типови на осигурување, што и не е за пофалба, со оглед на тоа што полисираната премија за незадолжителните типови на осигурување бележи благ пад. Овој тренд ја истакнува потребата од едукација и потребата од развивање на свесноста кај населението, но и промена на пристапот кон клиентите од страна на компаниите.“, вели Марија Томеска, претседател на УО на Еуролинк Осигурување.

Tabela 942 WEB 03

Само како илустрација на ова, во првите шест месеци од 2017, порастот на задолжителното осигурување од автоодговорност е 5,8%, што е речиси двојно поголема стапка на раст од целата осигурителна индустрија, а речиси пет пати побрзо темпо на раст од сегментот неживотни осигурувања. Од друга страна, имотните осигурувања од пожар и други опасности растеле со стапка од 3,9%, додека категоријата останати имотни осигурувања, која што зафаќа најголем удел кај неживотните осигурувања веднаш зад автоодговорноста, има пад од 15,8%.

Сепак, како што вели генералниот извршен директор на Триглав осигурување, Ѓорѓе Војновиќ, имајќи го предвид економскиот амбиент и стандардот на живеење, може да се заклучи дека пазарот се развива со побавно темпо од посакуваното, но подобро од очекуваното.

“Сè додека не постигнеме свест осигурувањето да се смета за потреба и инвестиција во сигурна иднина, не можеме да зборуваме за вистински раст на осигурителниот пазар. Тој пред сè зависи од нас, осигурителните компании, колку ние ќе успееме да ги приближиме осигурителните производи до јавноста и потенцијалните клиенти, колку ќе успееме да придонесеме да се надминат одредени ставови за осигурувањето.“, вели Војновиќ.

Tabela 942 WEB 01Осигурувањето е 3% од БДП во Македонија, а 60% од БДП во ЕУ

За тоа колкав е потенцијалот за раст на осигурителниот пазар покажуваат и анализите на Народната банка на РМ, според кои вкупните средства на македонскиот осигурителен сектор зафаќаат само 3% од БДП, што е многу ниско ниво во споредба со просекот на ЕУ (околу 60%).

“На 31.12.2016 година, друштвата за осигурување располагаа со средства во износ од 18.48 милијарди денари (годишен раст од 5,2%) со што се задржаа на третото место во структурата на финансискиот систем. Неживотното осигурување опфаќа речиси две третини од вкупните средства на осигурителниот сектор, а останатиот дел отпаѓа на осигурувањето живот, што е спротивно од структурата на осигурителниот сектор кај земјите од ЕУ. Ваквите карактеристики го вклучуваат осигурителниот сектор во Република Македонија во редот на мали осигурителни сектори, што дава доволно простор за негов натамошен раст и развој.“, се вели во Извештајот за финансиската стабилност објавен од НБРМ.

Понатаму, извештајот вели дека во 2016 година друштвата  за осигурување оствариле  позитивен финансиски резултат во целина, којшто годишно се намалил за 7,47%. Тоа се должи на високиот износ на ликвидирани штети коишто во 2016 година пораснаа за 13,3%. И покрај повисокиот раст на бруто исплатените штети кај осигурувањето на живот (62,6% или 80 милиони денари повеќе во однос на 2015 година), врз растот на ликвидираните штети, а со тоа и врз намалувањето на позитивниот финансиски резултат, поголемо влијание имаат бруто исплатените штети кај неживотното осигурување, коишто се зголемија за 11,2% или за 342 милиони денари. Главните приходи на осигурителниот сектор произлегуваат од бруто полисираните премии коишто кај осигурувањето на живот годишно пораснаа за 17,3%, додека кај неживотното осигурување за 3,5%.


Кој е кој на пазарот

Триглав со најголем удел кај неживотното, Кроација кај животното осигурување

Во првите шест месеци годинава Триглав осигурување ја задржува лидерската позиција на пазарот, според уделот во бруто полисираната премија од 18,1% во делот на неживотното осигурување, а 15,6% ако се земе предвид учеството во целокупниот осигурителен пазар, односно со сè животното осигурување.
Бруто полисираната премија на Триглав осигурување на 30.06. изнесува 721,7 милиони денари и бележи пораст од 1,8%.

“Особено значајни за нас се резултатите постигнати во доменот на доброволно приватно здравствено осигурување, каде на крајот на третиот квартал од 2017 година остваривме раст во бруто полисирана премија од 14% (резултатите од трет квартал се добиени од  самата компанија, во останатиот дел од текстот анализираме со бројки заклучно со втор квартал, најновите според АСО, н.з.), споредено со истиот период минатата година. Одлични резултати постигнавме и во доменот на здравствено – патничко осигурување, каде остваривме раст од 24% во споредба со трет квартал, 2016 година.“, велат од Триглав осигурување.

На второ место според бруто полисираната премија е Македонија осигурување, со износ од 515,8 милиони денари, што е пад од 8,1% во однос на првите шест месеци лани. Пазарниот удел на компанијата на 30.06 изнесувал 13% во делот на неживотното осигурување, а 11,1% во вкупниот осигурителен пазар.

Еуролинк е на третата позиција во неживотното осигурување, со премија од 462,5 милиони денари, што е за речиси 4% повеќе од истиот период лани. Пазарниот удел на компанијата е 11,6% во делот на неживотното, а 10% во вкупната премија. За Еуролинк забележителен е трендот на раст во приватното здравствено осигурување кое како нов сегмент во компанијата, и на пазарот воопшто, порасна над 120% во однос на минатата година.

Кај животното осигурување, кое што е убедлив лидер според стапката на раст во целата осигурителна индустрија од речиси 17%, водечката позиција и понатаму ѝ припаѓа на Кроација осигурување – Живот, со бруто полисирана премија од 268,4 милиони денари, што е пораст од 19,4% во однос на лани. Пазарниот удел на Кроација изнесува 41,5%, пред своите тројца конкуренти Граве (36%), Винер (16,4%) и Уника (6,1%).

Tabela 942 WEB 02

 

 

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×