Ратко Младиќ е осуден на доживотна казна затвор
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Хашкиот трибунал денеска неправосилно го осуди поранешниот командант на Војската на Република Српска, генералот Ратко Младиќ, на доживотна затворска казна поради геноцидот во Сребреница и злосторства против човечноста над Муслиманите и Хрватите во тек на војната во БиХ 1992-1995.

Младиќ (75) е прогласен за виновен за геноцид над „неколку илјади“ Муслимани од Сребреница; за прогон на Муслимани и Хрвати ширум БиХ; за тероризирање на жителите на Сараево со гранатирање; земање заложници „сини шлемови“ на ОН.

Трибуналот го ослободи Младиќ од вината по првата точка на обвинението што го товареше за геноцид во шест други општини во БиХ.

По преостанатите 10 точки од обвинението генералот е прогласен за виновен – осуден е за геноцид во Сребреница, како и злосторства против човечноста во 15 босански општини: прогон, истребување, убиства, депортации и присилно преселување. Трибуналот утврди вина кај Младиќ и по четири точки од обвинението за кршење на законите и обичаите на војувањето: убиства, терор, незаконски напади на цивили и земање заолжници.

Тие злосторства, според пресудата, сторени се во рамките на сеопфатниот злосторнички потфат, чија цел била „насилно и трајно отстранување на босанските Муслимани и Хрвати од територијата на БиХ, на која Србите полагале право“.

Како првостепена, денешната пресуда за Младиќ може да биде обжалена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×