Рации во домовите на соработниците на Ходорковски
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Руските истражители извршиле претрес на становите на вработените во движењето „Отворена Русија“  на критичарот на Кремљ, Михаил Ходорковски. Претресени се куќите на портпаролката на Ходорковски, Куле Писпанен, и на вработени во опозициската „Отворена Русија“. Ова се случува две недели откако Москва поднесе обвинение против поранешниот тајкун за убиство на сибирски градначалник во 1998 година. Ходорковски обвинението го затече надвор од земјата, а истото се толкува како обид да биде замолчан критичарот на Кремљ. Тој, поради обвиненија за затајување данок, измама и проневера, помина десет години во затвор, пред претседателот на Русија, Владимир Путин, да го помилува во 2013 година. Ходорковски кој оттогаш не живее во Русија, го критикува системот на Путин, a на Русите им порача дека ако го повикаат да се врати би прифатил да ја води земјата во време на криза. Откако го слушна последното обвинение за убиството на градоначалникот, поранешниот најбогат човек на Русија изјави дека во земјата е неизбежно да се случи револуција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×