Рационално ли е да се поседува автомобил во ера на економија на споделување?
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

38230015852_f6adbfb9ec_k WEB 944Uber во Лисабон го претстави концептот летачки автомобил

На Web Summit 2018, Uber го претстави концептот летачки автомобил, кој, колку утописки и да звучи, треба да почне да се користи веќе од 2020. Од Uber, во контекстот, акцент ставија и на напредокот во економијата на споделување, дека веќе сега комодитетот на поседување сопствен автомобил прескапо се плаќа. Дури и редовното користење на услугата на Uber со летачки автомобил може да е финансиски поисплатливо од плаќањето на сите трошоци за поседување и користење сопствен автомобил, сметаат од американската компанија

 

За економијата на споделување (sharing economy) последниве неколку години многу се зборува, во контекст на предностите на концептот да се споделуваат, наместо да се поседуваат предмети. Првата ера на „шеринг“ економијата ги донесе платформите. Размена на услуги (овој дел од економијата на споделување – размената на услуги – многумина го сметаат за поблизок, пофлексибилен) за различни потреби во домовите на луѓето; за барање сместување за патување; позајмување различни предмети што ретко ни требаат, се само некои од нештата што може да се најдат на ваквите платформи.

Апликацијата Uber овозможи сигурно нарачување превоз, транспарентни цени, лесно плаќање, следење на локацијата … Овозможи и конкуренција меѓу превозниците и повеќе критериуми за овој вид услуги.

Сепак, не во една земја имаше полемика околу Uber, штрајкови на таксисти поради „нелојална конкуренција“ …

Но, во тек на Веб Самитот (Web Summit) во Лисабон се случи нешто друго – дотогаш невидено.

Прво треба да се спомене дека на денот кога беше презентацијата на Uber во главниот град на Португалија, „уберовите“ возачи штрајкуваа, како претходно споменатите таксисти. Во португалскиот Парламент беше во тек расправата за новиот закон што ќе ги регулира услугите како оние на Uber.

IMG_4788 WEB 944Штрајкот беше против постапките на полицијата која често ги запира и казнува возачите на Uber кои работат во Португалија, а сето откако во 2015 година на компанијата ѝ беше забрането да работи, но одлуката подоцна падна на Уставен суд.

Како и да е, на својата презентација на Веб Самитот, директорот за производи во Uber, Џеф Холден, изложи проект за развој на летачки автомобили. Прикажа и видео, односно визуелизација на доживувањето на користењето на услугата (на Uber) со летачки автомобил.

Публиката на презентацијата најмногу реагираше на видеото со емотивна варијанта за употреба на летaчката услуга на Uber – млада мајка си оди од работа, лета над голем сообраќаен метеж, и брзо доаѓа дома, во прегратката на своето дете.

Холден рече дека хеликоптерите се бучни и енергетски недоволно ефикасни, а концептот што го претстави малку потсетува на хеликоптер, но беспилотен.

Но, иако пилот-проектот е предвиден за Лос Анџелес веќе во 2019-20 година, а тестирања во исто време се планирани во Далас и во Дубаи, ваквиот проект сѐ уште изгледа утописки. Беспилотните летала Uber ги развива во партнерство со NASA, а вселенската агенција помага за мапирање на воздушните простори.

Скептиците, а меѓу нив и Илон Маск од SpaceX и Tesla, најзагрижени се за безбедноста на ваквите превозни средства, но Холден на презентацијата рече дека Uber воведува многу високи стандарди за безбедност и оти ништо нема да биде препуштено на случајот.

Дометот на ваквите летала би изнесувал 40-50 километри, со што е покриена широчината и на поголемите урбани зони.

Како и да е, да се вратиме на главното во темава – на економијата на споделување, зашто овде ја гледаме еволуцијата на Uber од фаза на платформа, преку компанија и технолошки менаџмент, па до воведување во нејзината понуда на производи наменети исклучиво за економијата за споделување.

Летачките автомобили никој нема да ги поседува лично – вклучително и тие кои би можеле да си го приуштат таквиот луксуз.

Не зборувајќи само за летечките автомобили, директорот за производи во Uber, на Веб Самитот истакна дека поседувањето на автомобил е исклучително скапо. Колку и на многумина да им е најнормално, а можеби и единствено замисливо, сите тие трошоци за гориво, за регистрации, за осигурувања, за одржувања, за паркирања … не го оправдуваат комодитетот да се поседува лично возило. Оваа логика особено ќе дојде до израз со ширењето на понудата на прифатливи можности за земање под наем и споделување автомобили, односно порачување превоз.

„Дури и редовното користење на услугата на Uber со летачки автомобил може да е финансиски поисплатливо од плаќањето на сите трошоци за поседување и користење сопствен автомобил“, вели Холден, дополнувајќи дека цената на еден лет би можела да почнува веќе од 20 долари.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×