Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 16.240 гласа – СДСМ пресметала за двете по 51 пратеник
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Разликата во освоените гласови на вчерашните избори меѓу коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ е 16.240 гласа, според прелиминарните резултати објавени утрово на страницата на Државната изборна комисија, по процесирани 99,72% од избирачките места.

Колацијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 452.709 гласови (или 38,06%), а коалицијата на СДСМ 436.469 (36,69%).

Трет резултат има ДУИ – 86.812 (7,30%), а следи БЕСА – 57.927 (4,87%).

Алијансата за Албанците освоила 35.091 (2,95%); ДПА 31.017 (2,61%); ВМРО за Македонија 24.449 (2,06%); ЛЕВИЦА 12.119 (1,02%); Коалицијата за промени и правда 10.083 (0,85%); Либералната партија 3.840 (0,32%) и ПДП 1.142 (0,10%).

Што се однесува до проекциите за распределбата на мандатите, засега се воздржуваат и ДИК и граѓанската асоцијација МОСТ (која обично веќе ноќта по изборите прави точни проекции).

СДСМ рано утрово соопшти дека резултатите од нивниот аналитички центар покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ освоиле по 51 пратеник. Дека разликата од нешто над 16 илјади гласа може да не значи ништо при претворањето на гласовите во мандати покажува тоа што Коалицијата ВМРО за Македонија освои 24,5 илјади гласа, а ќе нема ниту еден пратеник.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×