Развојната  банка  ја повлече првата половина од 50,9 милиони евра за евтините кредити за домашните компании
Објавено на од во Компании
 Досега, од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која изнесува 100 милиони евра се повлечени пет транши во вкупен износ од 74,7 милиони евра со кои се поддржани 251 проекти на домашни компании со кои се вработуваат 629 лица.
Денеска, Развојната банка на Северна Македонија ја повлече првата половина од 50,9 милиони евра за евтините кредити за домашните компании.
Петтата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5, која ја користи Развојната банка, е во износ од 25,6 милиони евра, а е одобрена за 105 различни проекти на домашни компании. Пласманот на средствата од оваа транша се одвива преку 6 комерцијални банки со кои Развојна банка има склучено договор за оваа кредитна линија.
Овие 105 проекти треба да поддржат вработување на 145 лица.
Најголем дел од овие средства, 40% или 10,2 милиони евра се одобрени за проекти во секторот производство. Дваесет и два отсто од средствата или 5,7 милиони евра се одобрени за секторот трговија, додека 16% или 4 милиони евра се одобрени за проекти во секторот угостителство. За секторот транспорт се одобрени средства во износ од 2,1 милиони евра или 8%, додека за секторот здравство и секторот услуги се одобрени средства од 0,6 милиони евра. За други сектори се одобрени вкупно 2,3 милиони евра или 9%.
 -
Во текот на месец август ќе бидат повлечени од ЕИБ и остатокот од расположливите средства во износ од околу 25,3 милиони евра, во една или повеќе транши.
Досега, од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која изнесува 100 милиони евра се повлечени пет транши во вкупен износ од 74,7 милиони евра со кои се поддржани 251 проекти на домашни компании со кои се вработуваат 629 лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×