
Пресметува ли некој во Македонија во која мерка масата плати, на пример, се приближува на приходите од ДДВ. Што ке стане ако наплатата на ДДВ падне дрматично поради, во еден момент, намалување на потрошувачката. Затоа што секое нарушување поврзано со економскиот раст, или поточно личната потрошувачка, во иднина би можело да го загрози сервисирањето на таквите обврски што државата сега си ги наметнала трајно оджувајки состојба на „војна за плати„.
Оттука, јавниот сектор мора да влезе во сериозна реформа, каква што нема во Македонија, а не само блебетање на темата. Затоа што, кога плимата еден ден ќе се спушти, тогаш многумина всушност ќе останат како „риби на суво„. Нема да биде можно, со намалени приходи, да се финансираат трајно воспоставени обврски. „Реформа или смрт„ е паролата.
Македонија залута дефинитивно. Ако политичар победи на избори, тој сака да дели пари на сите страни. За жал, тоа е доста поврзано со изборните циклуси (проекти за патишта, плати, општини …)
Вистинските политики треба да се во правец на олеснување на условите, инвестиции во приватниот сектор. Три фундаментални столба. Значи, прво – конкурентност (не сме конкурентни), второ – не постои приказна за бенефициите за млади (старт на нови бизниси и следствено појава на нови даночни обврзници), трето е цената на енергијата.
Годишната стапка на инфлација, во просек, оваа година (на крајот на 2026), според нашите очекувања, треба да биде околу 5%, што е малку над минатогодишната стапка. Всушност очекувавме пад на инфлацијата, во овој случај тоа сепак ќе се случи со малку повисока стапка, но е приближно двојно пониско од стапката на инфлација во 2022 година, кога ја доживеавме претходната енергетска криза (по агресијата на Русија врз Украина).
Значи, кога ќе го погледнете ценовниот опсег на изворите на енергија од суровини, од бакарот или алуминиумот, сите цени се всушност под, или дури значително под кризните нивоа во 2022 година.
Сепак, прашањето е, ако инфлацијата оваа година е на 5%, тогаш што е фундаментално полошо во врска со инфлацијата во Македонија?
Вработувањето на млади луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години веројатно има најголем пад во Македонија. Поразително е што оваа стапка на вработеност на младите е под нивото можеби и од 30 процентни поени под просекот на ЕУ, а да не зборуваме колку сме се оддалечиле од најуспешните членки на ЕУ. Тоа е исто така многу, многу, многу важен индикатор или сигнал, зошто младите заминуваат. Овие катастрофали податоци кажуваат дека младите во Македонија уште од раната возраст на созревање (додека се школуваат) проектираат и сонуваат дека својот живот, не само работата, ќе го продолжат надвор од земјата.
Најголемиот дефект во македонската економија е структурниот проблем што е наследен од порано заедно со криминалната приватизација што за резултат имаше катастрофално лоши приватизирани фирми (освен одличните исклучоци). Отсуството на трансформацијата во образованието (резултат нискоквалификувана работна сила и огромен недостаок на образувани прептриемачи и инвеститори во нови фирми). Затоа денес нашата економија е со ниска продуктивност, нема доволно конкуренција во одредени индустриски, земјоделски и воопшто деловни сегменти. Очигледно немаме доволно ниво на продуктивност како економија за да можеме да се справиме со конкурентските притисоци.
Имаме фиксен курс на денарот за еврото, што практично значи како да имаме воведено евро, и значително ги отворивме нашите какви такви индустрии. Курсот на денарот го забрзува и стимулира увозот, а го дестимулира инвестирањето во извозни проекти.
Бевме на удар на надворешна конкуренција без никаква заштита за домашната индустрија и производство на храна. Затоа имаме побрз пораст на цените отколку во еврозоната. На мал пазар увезовме и надворешна инфлација и плус профитните маржи овде и тоа е тоа …
Од друга страна, освен на ниската продуктивност во индустриите, и секторот на услугите, важно е да се нагласи и катастрофалната ниска продуктивност во јавната администрација, а сепак одлично платена од страна на државата. Сите влади многу енергично интервенираа во администрацијата кога станува збор за зголемување на нивната плата !?! Погубно е од аспект на државните финансии.
За да се задскрие оваа политика на зголемување на платите во администрацијата (каде е напикано се свое од сите партиски елити и шуто и рогато), намерно се отвора темата за одредувањето на цената на трудот кај минималната плата, со што се фрла прав во очите на граѓаните демек тоа е главниот проблем.
Како што напишав пред некое време, Данска секако има, многу повисок квалитет на стандард и плати, но и повисок квалитет на јавна услуга. Но оваа држава направи долгорочна реформа на јавниот сектор која траеше дури 20 години. И денес сеуште трае. Всушност реформата е континуирана – перпетум мобиле. Пример, како државата размислува долгорочно, кој и да е на власт. Како последица на овие реформи Данците денес се многу ефикасни и многу флексибилни. Јавен сектор кој е навистина во служба на граѓаните и бизнисот.
Македонски небулози!
Просечна плата во јавниот сектор во Македонија е драматично повисока од приватниот сектор – реалниот сектор. Што ни укажува тоа за здравјето на една економија? Државата (читај Владата на партиски лидери и нивната пешадија, војници, поданици и полтрони) станала најпосакуваниот работодавач. Каде води тоа? Тоа води директно во режим. Политичкиот систем во Македонија произведува авторитарен режим. Каква економија очекувате ако вака се поставени нештата?
Во Европа немате многу земји каде што е присутна таква аномалија. Секаде каде го гледате овој дефект станува збор за држави далеку под просекот на ЕУ што се однесува за економскиот развој. Каде што приватниот сектор очигледно не може да се развива и заспал! Катастрофално ниво на корупција, непотизам и силни партиски влијанија, поданички менталитет на сиромашните граѓани.
Затоа властите даваат приоритет на зголемувањето на платите во нивниот јавен сектор затоа што таму се нивните гласачи кои нели треба да бидат мотивирани да гласаат. Оти независните, стручните, образованите, умните и интелегентните заминуваат.
Нема сектори на кои може да се потпираме
Хрватска напреднала на 75% од просечниот германски медијален приход. Во однос на моќта на општините, приближно на 87% од приходот. Во голема мерка Хрватска се приближува до исто ниво со Словенија, Чешка, односно Естонија според тој критериум. На истокот на Европа денес, Словенија и Полска се единствените земји што имаат повисок стандард на население што се мери според овој критериум.
Големо влијание на овие процеси е активноста на младото население. Идејата на младите да се вртат назад (на нашава влада во последно време е некоја нова мантра во недостаток на реални постигнувања).
Да видиме кои си политиките за бенифиции за вработување на младите, чиј резултат би бил пад на стапката на невработеност на младите.

- Основниот приход на македонските граѓани, во најголемиот број случај не е критериум за ништо. Кога ќе го погледнете богатството на граѓаните овде, кога ќе погледнете сè, од возниот парк, станот, мали и големи станови на Халкидики, патувањата, големиот број неработни денови во годината, мрзеливоста и неработливоста и секојдневното дробење за политиката – е тоа се не може да се купи и оствари од редовни приходи, за кои сите тврдат дека се мали. Каде се мали приходите? Во кои сектори? Во кои индустрии? Дали се мали во администрацијата која во основа ништо не работи и џабе се куцка наутро во клизно работно време на пристигнување од 8 до 9!?
Вработувањето на млади луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години веројатно има најголем пад во Македонија. Дополнително, ако зборуваме за бројки, поразително е што оваа стапка на вработеност на младите е под нивото можеби и од 30 процентни поени под просекот на ЕУ, а да не зборуваме колку сме се оддалечиле од оние на најуспешните членки на ЕУ. Тоа е исто така многу, многу, многу важен индикатор или сигнал, зошто младите заминуваат.
Младите луѓе од Македонија уште од раната возраст на созревање (додека се школуваат) проектираат и сонуваат дека својот живот, не само работата, ќе го продолжат надвор од земјата. Ако, не се направи реформа во образоването и не се работи на создавање на најдобрите услови за развој на претприемништвото во земјата ништо од задржувањето на младите (оти проблемот не е во двојните пасоши на пратениците, проблемот е во двојните пасоши кај младите во најдобрите години за создавање, градење и развој). Македонија во овој контекст одамна се откажа од младата работна сила на пазарот на трудот. Која треба да стекне нови знаења, нови вештини. Едноставно се е пуштено низ вода.
Оттука, да не се залажуваме, во иднина македонската продуктивност во економијата, администрацијата и бизнисот ќе има бавен раст во споредба со оние земји што успеваат да држат добри политики на мотивација на младите луѓе.
ИТ компаниите всушност беа главниот резервоар кој всушност вработуваше млада работна сила. Овој сектор денес е значително на удар на голема конкурентност и вештачката интелегенција, имајќи предвид дека ова е сектор кој работи на глобалниот светски пазар.
Во ерата на пандемијата направи скок, значаен скок, на свропскиот и светскиот пазар, но денес имаме тектонски промени. Губење на бизнисот за нашите ИТ компании на тој пазар, а тоа е всушност доста лоша вест бидејќи ИКТ секторот беше нешто на што можевме да бидеме горди пред неколку години.
Е сега … Поставува ли некој прашање каде одат тие млади луѓе? Каде работат? Каде инвестираат? Каде плаќаат даноци?
Она што некогаш во деведесеттите години беше автомобилската индустрија за Источна Европа, ИКТ, требаше да претставува нешто за Македонија во однос на подобрување на структурата, економијата, подобрување на конкурентноста и продуктивноста. Имавме неколку години кога навистина ја зголемивме додадената вредност во тој сектор, а потоа во еден момент се успори до блокирање !?
Државата (било која влада) не изгради стимулативни услови за инвестиции. Резултат – одлив на голем број млади вработени надвор од границите на Македонија, кои потоа всушност ја создаваат и зголемуваат таа продуктивност некаде на друго место, во Словенија, Германија, Ирска, Америка … или каде било.
Македонската економија е дезориентирана економија и општество. Причините се наследени од порано веднаш по независноста. Криминалната приватизација е голема причина за таа дезориентираност што за резултат имаше катастрофално лоши приватизирани фирми (освен одличните исклучоци). Понатаму отсуството на трансформацијата во образованието (резултат нискоквалификувана работна сила и огромен недостаок на образувани прептриемачи и инвеститори во нови фирми). Затоа денес нашата економија е со ниска продуктивност, нема доволно конкуренција во одредени индустриски, земјоделски и воопшто деловни сегменти. Очигледно немаме доволно ниво на продуктивност како економија за да можеме да се справиме со конкурентските притисоци.
Имаме фиксен курс на денарот за еврото, што практично значи како да имаме воведено евро. Ваквиот курс на денарот му помага на увозот, а е демотивирачки за македонскиот извоз (колку го има толку, а малку го има), и значително ги отворивме нашите какви такви индустрии. Бевме под удар на надворешна конкуренција без никаква заштита за домашната индустрија и производство на храна и во таа смисла на конкурентност. Заради се ова имаме побрз пораст на цените отколку во еврозоната. На мал пазар увезовме и надворешна инфлација и плус профитните маржи овде и тоа е тоа … Од друга страна, освен на ниската продуктивност во индустриите каде се произведува и секторот на услугите, важно е да се нагласи и катастрофалната ниска продуктивност во јавната администрација. Одлично платена од страна на државата. Сите македонски влади многу енергично интервенираат во администрацијата кога станува збор за зголемување на својата (нивната) плата !?!. Ова е погубно од аспект на државните финансии. За да се задскрие оваа политика на зголемување на платите во администрациите (каде е напикано се свое од сите партиски елити и шуто и рогато), намерно се отвора темата за одредувањето на цената на трудот кај минималната плата, со што се фрла прав во очите на граѓаните демек тоа е главниот проблем.




















