Реакција и демант на Орка Холдинг: Ниедна од фирмите на Камчев не финансирала изборни кампањи на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено на од во Компании
Отсечно и со целосна одговорност ги демантираме тврдењата кои денеска ги произнесе во јавноста Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, дека Јордан Камчев, односно, било која од фирмите на Јордан Камчев била вклучена во финансирање на изборна кампања на ВМРО – ДПМНЕ, се вели во реакцијата на Орка Холдинг, по денешната пресконференција на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. 
орка холдинг„Овие тврдења, кои се на ниво на шпекулации произлегуваат единствено од меѓупартиското нетрпение и се резултат единствено на  меѓупартиско препукување. Недозволливо е со цел освојување на ситни партиски поени да се задава ваков удар на приватните компании кои како значајна гранка од економијата на оваа држава успешно работат и без никакви државни тендери или државна помош вработуваат огромен број на луѓе и придонесуваат за нејзиниот развој.
Во случајов, ја информираме јавноста дека станува збор за компанија која моментално вработува 2670 луѓе и само во периодот од 01.01.2019 – 30.06.2019 година во буџетот на РСМ, по основ на различни даноци и придонеси исплатила 14 милиони евра, додека, во истиот период, по основ на плати за вработени исплатила  бруто вредност од 17 милиони евра од кои 5 милиони евра за придонеси“, стои во реакцијата.
Од Орка Холдинг, исто така, велат дека спротивно на она  кое моментално се случува,  сметаат дека „државата и партиите се оние кои треба да го поддржат работењето на ваквите компании кои нудат вакви вредности и имаат значајни придонеси за сите“, а не, како што наведуваат во реакцијата, „да го рушат нивниот углед и да фрлаат црна сенка на нивното работење“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×