Реал вложува 400 милиони евра за реновирање на Бернабеу
Објавено на од во Компании

Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид ќе вложи 400 милиони евра во реновирање на стадионот Сантијаго Бернабеу.

Работите на реконструкцијата на стадионот ќе започнат наредната година, а се очекува да завршат до 2020 година.
Капацитетот на стадионот ќе остане ист, но стадионот нова фасада и подвижен кров.

Madrid stadion 2“Ова ќе биде една драматична модернизација и трансформација на стадионот Сантијаго Бернабеу. Овој стадион е еден од заштитните симболи на градот Мадрид и со реновирањето т ој ќе стане еден од најдобрите стадиони во светот и симбол на силата на нашиот град”, изјави Флорентино Перез, претседател на клубот Реал Мадрид.

Идејата на претседателот Перез во рамки на стадионот да се изгради и интегрира хотел и шопинг центар, со која би се зголемила приходите на клубот, не е прифатена од градските власти.Но, останува можноста за смена на името.

“Постои можност покрај името на стадионот Бернабеу да се додаде и некое ново име. Многу стадиони низ светот ги носат имињата на нивните спонзори, па и ние размислуваме за тоа”, изјави Перез на конференцијата за медиуми во Мадрид.
Стадионот Сантијаго Бернабеу е изграден во 1947 година и моментално има капацитет од 99.454 места.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×